Во Хрватска од Ковид-19 починаа 70 луѓе

 

Во последните 24 часа во Хрватска забележание се 2.233 нови случаи на зараза со корона вирусот, а активни се 15.323.

Меѓу нив 2.749 пациенти се на болничко лекување, од нив 292 на респиратор.

Починаа уште 70 пациенти.

До денеска во Хрватска забележани се вкупно 202.319 заразени, од кои 3.464 починаа, а оздравеа 183.532.

Вкупно се тестирани 982.850 лица, а од нив 8.343 во последните 24 часа.