Во Србија утре почнува вакцинацијата, денеска нови 4.426 заболени, 51 починати


Според последните инфромации во Србија во последното деноноќие регистрирани се 4.426 новозаразени со корона вирусот, а починаа 51 пациент.

Во последните 24 часа тестирани се 16.617 примероци, а вкупно досега 2.188.004.

На респиратори се 309 пациенти, а во болница вкупно се лекуваат 9.672 ковид пациенти.

Досега од Ковид-19 починале 2.833, а стапката на смртност е 0,91 отсто.

Од утре почнува вакцинацијата во Србија, односно први што ќе примат вакцина против Ковид-19 се корисниците на домовите за стари лица во Белград и во Нови Сад.