Бугарија дозволи летови од Велика Британија


 Од 10 часот претпладнево Бугарија дозволи летови од Велика Британија за да им помогне на Бугарите кои сакаат да се вратат дома, се наведува во соопштението од бугарската Влада.

Британските медиуми јавуваат дека патниците кои ќе пристигнат од Велика Британија ќе бидат тестирани за присуство на коронавирус и по влезот во земјата ќе мора да заминат во 10-дневен карантин, додаде владата во соопштението.

Бугарија во неделата ги затвори своите воздушни, копнени и морски граници за британските патници, во обид да го спречи ширењето на новиот вид на коронавирусот.