Во БиХ регистрирани 674 новозаразени, од Ковид-19 починаа 41

 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 674 нови случаи со кроона вирус, а починаа 41 пациент. Тестирани се 3.063 лица.

Од нив, во Федерацијата се тестирани 2.033 примероци, од кои 433 биле позитивни
Досега тестирани се 327.397 примероци, а Ковид-19 имале 69.463 лица.

Излечени се 50.152, а активни уште 17.235 случаи.

Има нови 12 починати или вкупно 2.076.

Во Република Српска тестирани се 959, а потврдени 226 случаи.

Починале 29 лица или вкупно 1.644.

Досега од Ковид-19 заболеле 35.596, а оздравеле 21.715. Тестирани вкупно 155.937 прмероци.

Во Брчко има нови 15 нови случаи.