Во Босна и Херцеговина паѓа бројот на новозаразени, но смртноста е висока


 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа тестирани се 3.399 примероци, од кои 674 се позитивни на корона вирусот. Починаа дури 86 заразени со вирусот.

Во Федерацијата пријавени се 2.641 примерок, од кои 463 се позитивни на вирусот.
Досега тестирани се 325.364 примероци, а корона вирусот е потврден кај 69.030 лица.

До денеска, во Федерацијата оздравеле 49.815 пациенти, а активни се 17.151.

Пријавени се 62 нови смртни случаи. а вкупно 2.064.

Во Република Српска има 180 новозаразени од 635 тестирани. Пријавени се 22 смртни случаи, додека вкупно починаа 1.610. Оздравеа 21.506, а вкупно потврдени се 35.370 случаи.

Во Брчко денеска има 31 нов случај со корона вирус, а тестирани се вкупно 123 примероци Починаа двајца пациенти.