Расте бројот на загинати во пожарот во Истанбул, издадени налози за апсење на пет лица


Истанбул – Најмалку 29 лица загинаа во пожар што избувна за време на дневни поправки во ноќен клуб во Истанбул, јавија локалните медиуми. Најмалку осум лица се повредени, од кои седум се во тешка состојба, соопшти Кабинетот на гувернерот на Истанбул. Кабинетот на гувернерот соопшти дека пожарот избувнал во квартот Бешикташ во центарот на Истанбул …

Расте бројот на загинати во пожарот во Истанбул, издадени налози за апсење на пет лица Read More »

ЕУ блокираше 148 милиони евра од ИПАРД 3 за Албанија, поради злоупотреба на претходно добиени средства


Поради злоупотреба на претходно доделени средства, Европската унија блокираше 148 милиони евра од ИПАРД 3 грантови за помош на албанското земјоделство, јави Ора њуз. Во ноември минатата година објавено беше дека експертите на Европската комисија откриле злоупотреба на 33,5 милиони евра, средства добиени од ИПАРД програмите, што е 71 отсто од злоупотребите на целиот Балкан. …

ЕУ блокираше 148 милиони евра од ИПАРД 3 за Албанија, поради злоупотреба на претходно добиени средства Read More »

За напуштање домашно милениче, од денеска, во Хрватска се оди во затвор


Напуштање на домашно милениче, домашно или диво животно се пријавува во полиција или во општинското правобранителство. Казната е до една година затвор или до две, ако напуштањето предизвикало смрт на животното или биле напуштени поголем број животни. Казните за кривичното дело убивање и мачење животни се зголемуваат до затворска казна до две години или до …

За напуштање домашно милениче, од денеска, во Хрватска се оди во затвор Read More »

Осум загинати во сообраќајка во Албанија, бегајќи од полицијата паднале во река


Осум лица загинаа утрово во Албанија во сообраќајна несреќа што се случи кога возило полно со мигранти се обиде да ѝ побегне на полицијата. Седум од загинатите се мигранти, а осмиот возач на возилото, по националност Албанец. Возачот изгубил контрола над возилото кај Пермет, на неколку километри од границата со Грција и истото паднало во …

Осум загинати во сообраќајка во Албанија, бегајќи од полицијата паднале во река Read More »

Истрага за злоупотреба на ЕУ фондови во Бугарија


Европското јавно обвинителство соопшти дека неговата канцеларија во Софија започнала истрага со цел да собере евентуални докази во врска со сомнежите за проневера и злоупотреба на средства од фондови на ЕУ и за перење пари поврзани со изградбата на најголемиот инфраструктурен проект во Бугарија, тунелот „Железница“ на автопатот „Струма“ во реонот на Благоевград.  Обвинителството информира …

Истрага за злоупотреба на ЕУ фондови во Бугарија Read More »

Брнабиќ: Прифативме две од трите барања на опозицијата


Првиот колегиум на српскиот Парламент посветен на препораките на ОДИХР за изборите заврши вчера без договор, а опозицијата постави три услови за подобрување на изборите да бидат фер – комисија за избирачки списоци, средени медиуми и одржување на сите локални избори во ист ден. Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ изјави дека се прифатени две барања …

Брнабиќ: Прифативме две од трите барања на опозицијата Read More »

Турски опозиционер загина при пад на балкон на прославата на изборната победа


Членот на турската опозициска Републиканска народна партија Мехмет Палаз почина денеска во болница откако беше тешко повреден кога се урна балкон од седиштето на партијата во областа Тавас во турската провинција Денизли за време на прославата на победата на партијата на локалните избори. Палаз, кој се здоби со повреда на главата и беше во животна …

Турски опозиционер загина при пад на балкон на прославата на изборната победа Read More »

Ердоган загуби и во сопствениот кварт


   За Реџеп Таип Ердоган бројките значат пораз на домашен терен и се толку моќни што неговите противници едвај можеа да поверуваат во изборната ноќ. На пример, во Ускудар, традиционално конзервативна област во Истанбул на азискиот брег на Босфор, Ердоган има свој приватен дом многу години и неговата АКП секогаш победувала таму. До оваа недела, …

Ердоган загуби и во сопствениот кварт Read More »

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија


ЕУ воведе забрана за летање на турскиот авиопревозник „Саутвинд Ерлајнс“ на територијата на Унијата, поради „загриженост за сопственичката структура и оперативната контрола на компанијата“ базирана на сознанијата дека таа е во сопственост на субјекти од Русија.  Авиокомпанијата „Саутвинд Ерлајнс“, која првенствено лета на домашни и на релации од Турција кон Русија, имаше авиолинии и кон …

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија Read More »

Лажна тревога за бомби во повеќе судови во Подгорица


Лажна е дојавата за наводно поставени експлозивни направи во зградите на Вишиот, Апелациониот, Врховниот и Уставниот суд, како и зградата на Основниот суд во Подгорица. Извештаите за наводно подметнати експлозивни направи пристигнаle анонимно. Службеници од полициската управа утрово го известиле Основниот суд во Подгорица дека добиле пријава за поставена експлозивна направа во зградата на таа …

Лажна тревога за бомби во повеќе судови во Подгорица Read More »

Утре и задутре не патувајте во Грција – штрајкува царината


 Сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Северна Македонија, утре и задутре ќе биде во прекин поради 48-часовниот штрајк на грчките царинските службеници, а извори од Федерацијата на цариниците за МИА од Атина велат дека граѓаните кои во следните два дена планирале да патуваат во Грција, добро ќе биде да …

Утре и задутре не патувајте во Грција – штрајкува царината Read More »

„Друга Турција“: Како Ердоган доживеа голем пораз на локалните избори


  Главната турска опозициска партија му зададе неочекуван удар на владеењето на Реџеп Таип Ердоган во неделата со убедлива победа на локалните избори во Турција, задржувајќи ја контролата врз големите градови, вклучувајќи ги главниот град Анкара, Измир и Истанбул, каде Екрем Имамоглу обезбеди втор мандат како градоначалник. „Драги мои истанбулци, денес ја отворивте вратата за …

„Друга Турција“: Како Ердоган доживеа голем пораз на локалните избори Read More »

Ердоган: Изборите за нас се пресвртница, имаме уште четири години да ги исправиме грешките


Турската демократија ја докажа својата зрелост. Денешните избори за нас се пресвртница, а не крај. Секој гласач победи, без разлика дали гласал за нас или не, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по дебаклот на АКП на локалните избори во Турција. АКП на Ердоган ги загуби сите поголеми градови на изборите на кои повеќе од …

Ердоган: Изборите за нас се пресвртница, имаме уште четири години да ги исправиме грешките Read More »

Локални избори во Турција: Опозициската ЦХП победи во Истанбул и Анкара


Републиканската народна партија (ЦХП), главната опозициска партија во Турција, победи во Истанбул и Анкара. Со отворени над 90 отсто од гласачките кутии низ Турција, ЦХП води со 37,3 отсто од гласовите, додека АКП, партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, следи со 35,78 отсто. Големи делови од западниот, јужниот и северниот дел на земјата се …

Локални избори во Турција: Опозициската ЦХП победи во Истанбул и Анкара Read More »

Падна видео-бим во училиште во Ниш: Петмина се повредени


Пет лица се повредени денеска при пад на видео-бим во дворот на основно училиште во Ниш, соопштија за Танјуг од полицијата. Повредените се пренесени на Универзитетската клиника во Ниш. За инцидентот е известено Основното јавно обвинителство Ниш.

Во Турција едно лице загина, а 12 се повредени во инциденти на денот на локалните избори


Едно лице загина, а 12 се повредени во Турција при инцидент за време на локалните избори во Дијарбекир, град со претежно курдско население, соопшти тамошното Министерство за здравство. „За време на изборите дојде до судири меѓу две групи при што едно лице загина, а 12 се повредени“, информираат локалните власти. Во Турција денеска се одржуваат …

Во Турција едно лице загина, а 12 се повредени во инциденти на денот на локалните избори Read More »

Новата Влада на Србија ќе ја предводи Милош Вучевиќ


Со оглед на мнозинството пратеници на СНС, со коалициониот партнер, партијата на Ивица Дачиќ СПС и малцинските партии во српското собрание, идниот премиер на Србија ќе биде Милош Вучевиќ, јави дописникот на МИА од Белград -Милош Вучевиќ има професионални и лични квалитети да ја извршува функцијата премиер и ме увери дека може да обезбеди избор …

Новата Влада на Србија ќе ја предводи Милош Вучевиќ Read More »

Хрватска планинарка го загуби животот во албанските Алпи, спасени седум планинари


Хрватска планинарска го загубила животот при пад од голема височина на планината Језерце, во северниот дел на Албанија, познат како „албански Алпи“. -По неколкучасовна потрага, вчера доцна попладне овозможено е да се пронајдат и извлечат седум туристи кои беа заробени на планината Језерце, каде како последица на лизгање на стрмен терен и пад од голема …

Хрватска планинарка го загуби животот во албанските Алпи, спасени седум планинари Read More »

Искривеното огледало на бугарската политика


Ако нема вистина и објективни факти, луѓето не можат да направат информиран избор и ќе   почнат да ја бараат  „силната личност“ која ќе ги заштити од неизвесност. Во 1921 година, писателот и главен уредник на весникот Гардијан, Чарлс Прествич Скот, го опиша она што го направи весникот особено вреден во претходните 100 години на следниов …

Искривеното огледало на бугарската политика Read More »

Се менуваат патарините во Грција


Потпишан е нов договор за концесија за грчкиот автопат „Игнација“ и трите вертикални патни оски што ги претставуваат врските со Албанија, Северна Македонија и Бугарија, објави БТВ. Ова ќе доведе до корекција на патарините   од Кулата до Солун, од Солун до Игуменица, како и од Солун до Александрополис. Зголемувањето варира помеѓу 30% и 35%.