Лажна тревога за бомби во повеќе судови во Подгорица


Подгорица

Лажна е дојавата за наводно поставени експлозивни направи во зградите на Вишиот, Апелациониот, Врховниот и Уставниот суд, како и зградата на Основниот суд во Подгорица.

Извештаите за наводно подметнати експлозивни направи пристигнаle анонимно.

Службеници од полициската управа утрово го известиле Основниот суд во Подгорица дека добиле пријава за поставена експлозивна направа во зградата на таа институција.

По прегледот, вработените во Врховниот, Апелациониот и Вишиот суд се вратија на работа.