Падна видео-бим во училиште во Ниш: Петмина се повредени


Пет лица се повредени денеска при пад на видео-бим во дворот на основно училиште во Ниш, соопштија за Танјуг од полицијата.

Повредените се пренесени на Универзитетската клиника во Ниш.

За инцидентот е известено Основното јавно обвинителство Ниш.