Ципрас: Грција првпат искрено се залага за решение на името


Грција по прв пат на толку решителен начин се обидува да најде заемено прифатливо решение за прашањето за името со гаранции дека ќе има конечно решение, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас по средбата со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ципрас на прес-конференцијата во премиерската палата, […]

Србија: Почнува мерењето на просечната брзина на сите автопати


Во Србија од утре почнува мерењето на просечната брзина на возење на сите делници од автопатите, а сообраќајната полиција ќе почне со казнување на сите оние кои, дури и за еден километар, ќе ги надминат дозволените 120 километри на час. Камерите на „Патишта на Србија“ се инсталирани на сите за таа намена утврдени локации, а […]

Јункер: Во ниеден момент не помислив дека Грција ќе излезе од еврозоната


Грција е мојата втора татковина, воопшто не ни помислив дека земјата ќе излезе од еврозоната, рече претседателот на европската комисија, Жан Клод Јункер, на почетокот на средбата со грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос. – Грција не е за мене една неутрална земја, овде се роди самата идеја за демократијата. Овде се разви европската мисла. Според тоа, […]

Во Атина средба Ципрас- Јункер


Преговорите меѓу Грција и нејзините доверители за финализирање на последната програма за спасување и излезот на земјата на пазарите денеска ќе бидат акцентирани на состанокот во Атина меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, објави „Катимерини“. Состанокот се смета за чин на висока симболика за поддршка од Европската комисија во […]

Вајгл: Однесувањето на шпанскиот премиер кон Самитот во Софија е некоректно


Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент Иво Вајгл, упати остри критики кон шпанскиот премиер Мариано Рахој, кој одби да учествува на Самитот за Западен Балкан во Софија поради Косово. Вајгл, кој е многу активен по каталонското прашање во ЕП, не го поштеди шпанскиот лидер во интервју за МИА. -Тој вид демонстративно однесување, пренесување на внатрешни […]

„Албеу“ за теоријата дека некој сака да го отруе Рама


Кој сака да го отруе Рама?“ Оваа „конспиративна теорија“ ги преплавува онлајн медиумите во Албанија, посебно затоа што премиерот Еди Рама, каде и да патува носи леб и храна од Тирана, објави порталот „Албеу“. Според истиот извор, во последно време каде што престојувал, во кое било семејство, тој од поставената трпеза не земал ништо подготвено […]

Туск-Вучиќ: За иднината на Србија ќе одлучува само Белград


Односите на ЕУ и Србија, евроинтеграциите, регионалната соработка и инвестициите беа главни теми на денешната средба во Белград на претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск  со српскиот претседател Александар Вучиќ. Главната причина на посета на Белград, како што изјави на прес-конференцијата Доналд Туск е подготовка за Самитот на ЕУ и земјите од Западниорт Балкан во […]

Грчкиот Парламент одобри продажба на неколку електроцентрали


Грчките пратеници одобрија денеска продажба на електроцентрали од Националната електро-компанија и покрај протестите на вработените, кои ја оквалификуваа продажбата како „национален криминал“. Мнозинство пратеници го одобрија законот со кој државната компанија за снабдување со електрична енергија може да почне да ги продава електроцентралите од идниот месец. Приватизацијата на електроцентралите е меѓу барањата на меѓународните кредитори […]

Во НАТО утре средба Столтенберг – Коѕијас


Генералниот секретарт на НАТО, Јенс Столтенберг и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас утре ќе остварат средба во седиштето на Алијансата, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми Столтенберг и Коѕијас ќе разговараат за прашањето за името меѓу Македонија и Грција, за грчко-турските односи и двајцата грчки војници што се наоѓаат во […]

Нагло се зголеми бројот на нови мигранти во Атина


Бројот на мигранти кои пристигнуваат на грчките острови е двојно поголем, изјави грчкиот министер за миграциска политика Димитрис Вицас. За време на дебата за новиот предлог-закон за азил, тој рече дека на островот Лезбос, каде се наоѓа најголемиот камп за мигранти, минатата година од Турција пристигнувале во просек 54 мигранти дневно, а само вчера пристигнале […]

Косовските политички партии утре ќе разговараат за евентуални вонредни избори


Во Приштина утре ќе се одржат разговори меѓу партиите за моментната политичка ситуација и можноста за постигнување договор за одржување вонредни парламентарни избори. Разговорите се иницирани од опозицискиот Демократски сојуз на Косово и на нив се повикани сите политички претставници на сите политички субјекти на власта и опозицијата. Учество на разговорите потврдиле сите поитички партии […]

Борисов: Бугарија, Романија и Романија да помогнат за Србија да стане членка на ЕУ


Бугарија, Грција и Романија треба да направт се што е можно за Србија да стане дел од Европската унија. Тоа го нагласи денеска премиерот на Бугарија Бојко Борисов на прес-конференција во Будимпешта, по средбата на Советот за соработка на високо ниво меѓу Бугарија, Романија, Србија и Грција. Третата средба меѓу лидерите на четирите држави се […]

Шаља: Нема ЗСО пред конечен договор меѓу Белград и Приштина


Заедницата на српски општини во Косово нема да биде формирана пред потпишување на конечен договор меѓу Косово и Србија, тврди Блерим Шаља, политички советник на косовскиот претсеател Хашим Тачи. – Нема да има ЗСО без правно обврзувачки договор, иозјави Шаља за телевизијата Т7. Тој тврди дека прашањето не може да се третира како посебен проблем […]

Tуск во Тирана: Преговорите со ЕУ не се лесни


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, откако му честиташе на албанскиот народ за препораката на Европската комисија, изјави дека земјата “ќе има многу предизвици и голема работа, почнувајќи од зајакнување на правната држава, борбата  против организираниот криминал и реформата во правосудството“. – Преговорите со ЕУ не се […]

Теодоракис: Уставите лесно се менуваат, но не и Меѓународните договори со ЕУ и НАТО


Некои устави можат лесно одново да се сменат, но не и Меѓународните договори со ЕУ и НАТО, вели лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис и додава дека Движењето за промена, во чија коалиција е и неговата партија, бара решение со сложено име за севкупна употреба со конкретни гаранции врз основа на Меѓународен договор дека запира […]

Македонец измамил фирма за цвеќе во Еквадор


Полицијата во Нови Сад уапси двајца државјани на Македонија и на Италија, поради сомневање дека ја службената положба. Четириесет и двегодишниот Н.Н. и С.Н. (61) се товарат дека од ноември 2016. до мај 2017 година, со лажен документ, купувале цвеќе од компанија во Еквадор врз основа на фалсификувани банкарски потврди за плаќање. На тој начин […]

„Златна мапа на Косово“ за српската активистка Наташа Кандиќ


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска и го врачи признанието „Златна мапа на Косово“ на директорката на Фондацијата за хуманитарни права од Белград, Наташа Кандиќ. Харадинај високо го оценил  ангажирањето на српската активистка Кандиќ во сферата на човековите права, додавајќи дека асоциацијата која таа ја раководи до сега објавила најточни податоци за убиените лица за време […]

Хан: Сега треба лидерите на Западен Балкан да ја преземат топката


Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска нагласи дека Европската комисија со Стратегијата за проширување нацртала јасен пат кон посилна и поширока Унија. – Сега е ред лидерите на државите од регионот да ја преземат топката, нагласи Хан, претставувајќи го Пакетот проширување пред пратеници од Надворешнополитичкиот одбор на ЕП. Тој додаде дека […]

Црна Гора има 64 милионери кои не плаќаат данок на богатството


Црна Гора има 64 милионери, но тие не плаќаат данок на своето богатство. Голем број иницијативи до Владата да воведе дополнителен данок на луксуз останаа без одговор. Претставници на невладиниот сектор реагираат што граѓаните плаќаат такси за гориво, струја или цигари, а нема волја да се оданочат енормно богатите. Најбогатиот Црногорец на својата банкарска сметка […]

Инциденти на Лезбос: Радикални десничари ги нападнаа мигрантите


Неколку лица се повредени во вчерашните инциденти на грчкиот остров Лезбос меѓу радикално десничарски групи граѓани, бегалци и мигранти кои протестираа на плоштадот во градот Митилини и полицијата. Инцидентите, според грчките медиуми, завршија во 5.30 часот утрово со интервенција на полицијата, празнење на плоштадот и насилно пренесување на бегалците и мигрантите во прифатниот центар Морија. […]