Анархисти ја нападнале Амбасада на Франција во Атина


Грчката полиција уапси член на анархистичката група Рубикон, откако нејзини членови ја нападнале и фрлале со бои врз Француската амбасада и Францускиот конзулат во Атина. Електронското издание на „Катимерини“ јави дека уапсените најверорајно се дел од вкупно 130 лица кои од време на време учествуваат во такви акции. На анархистичка интернет страница групата објави дека […]

Унгарците масовно против Орбан: „Врати ни ја демократијата“


Десетици илјади Унгарци протестираа денес против владината контрола врз медиумите, која, како што велат, му помогна на премиерот Виктор Орбан во неодамнешната убедлива изборна победа. Ова е втор масовен протест против Орбан од изборите на 8 април, а демонстрантите ги повикаа опозициските партии да се здружат против десничарската националистичка партија Фидес, која освои две третини […]

Ѓукановиќ ќе ги подобрува односите со Русија


Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ рече дека во неговиот нов мандат има намера да се позанимава со подобрување на односите со Русија. – Црногорско-руските односи ги одредува вековна традиција на пријателство, па затоа ние сме должни, такви и денес да ги одржиме и модернизираме. И јас како претседател ќе се погрижам тоа да биде […]

Шпенд Маџуни нов косовски прв разузнавач


На предлог на косовскиот претседател Хашим Тачи, а со согласност на премиерот Рамуш Харадинај, за нов директор на косовската тајна служба АКИ е именуван Шпенд Маџуни. Како што јави дописникот на МИА, Маџуни, досегашен генерален директор на косовската полиција, доаѓа на местото на Дритон Гаши, кој поднесе оставка на барање на Харадинај, по случајот со […]

Вуцис: Во интерес на Грција е да се најде заемно прифатено решение за името


Изнаоѓање заемно прифатено решение за името, заведено во Уставот и за севкупна употреба, е во интерес и на Грција, смета претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис. Вуцис имаше поздравно обраќање на промоцијата на книгата „10+1 прашања и одговори за македонското прашање“, во просториите на Стопанската комора во Атина, а во неговиот говор се задржа на […]

Изгоре бугарски автобус на пат за Македонија


Бугарски автобус, со 46 патници кои патувалке кон Македонија, синоќа целосно изгорел на патот меѓу Ќустендил и Граничниот премин Ѓуешево-Деве Баир. Повредени патници нема, бидејќи сите навреме биле евакуирани и со друг автобус вратени во Софија. Бугарските медиуми пренесуваат дека автобусот се запалил околу 18. 30 часот, но причините не се соопштуваат. Според првичните сознанија, […]

Вучиќ: Не се согласувам со Могерини


Косово и анализа на напредокот на Србија во европските реформи, кои се оценети како позитивни посебно на економско поле, но и слабиот напредок во реформите во владеењето на правото беа теми на денешната средба во Белград на високата преставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедонсна политика Федерика Могерини и српскиот претседател Александар Вучиќ. […]

Српска листа се откажа од едностраното прогласување на ЗСО


Најголемата партија на косовските Срби, Српската листа, денеска соопшти дека се откажува од едностраното формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), што претходно го најави за 20 април. Ваквата најава уследи по денешната средба во Звечани на претставници на Српската листа со членовите на работната група што ја формираше косовската Влада, со задача да го […]

Харадинај: Ултиматумот на Српска листа за ЗСО падна во вода


Заедницата на српски општини (ЗСО) ќе биде формирана врз основа на одлуката на Уставниот суд на Косово, а ултиматумот на Српската листа дека ако Владата не превземе конкретни чекори, на 20 април косoвските Срби еднострано ќе ја формираат ЗСО, нема да има никаков ефект, изјави денеска косовскиот премиер Рамуш Харадинај. – Ситуацијата е сменета. Косово […]

Стан во Прага изнесува 3.700 евра за метар квадратен


Во источниот дел на ЕУ прекинато е намалувањето на цените на недвижности. Стан во центарот на Прага чини 3.700 евра за метар квадратен, а во Љубљана таа цена изнесува 3.200 евра. Но во главниот град на Словенија можат да се купат станови и за 2.200 евра за метар квадратен. Просечната цена на станбен квадрат во […]

Хрватска делегација ја прекина посетата на Србија поради непримерното однесување на Шешељ


По инцидентот во српското Собрание, кога лидерот на радикалите Војислав Шешељ ја пцуеше хрватаската делегација и го газеше хрватското знаме, хрватската делегација предводена од претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ одлучи да го откаже состанок со министерката за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ и се повлече во Амбасадата на Хрватската во Белград. Од Хрватската Влада информираа дека […]

Албанија и Косово стануваат дел од регионалната иницијатива за намалување на цените на роамингот


Албанија и Косово се приклучуваат кон регионалната иницијатива на четирите држави од Западен Баалкан  за намалување на цените на роамингот. Поконкретни информации околу намалување на цените на роамингот се очекуваат на самитот во мај во Софија. – Среќни сме што кон нашата регионална иницијатива, која почна меѓу четири држави, сега сакаат  да се приклучат и […]

Могерини во Тирана: Празнувајте, но се уште имате многу работа


Висока претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини, која престојува во Тирана порача дека добиената препорака од Европска комисија е победа за сите, но оти има уште да се работи, бидејќи почетокот на преговорите бара дополнтелни ангажирања. Таа на заедничката прес конференција со албанскиот премиер Еди Рама високо ја оцени улогата на Албанија во […]

Македонец шверцувал илегалци во ЕУ


Четириесет и шестгодишен македонски државјанин е приведен во местото Братковец во Хрватска поради сомневање дека превезувал илегалци. Тамошната полиција го запрела неговиот автомобил со австриска регистрација, поради сомневање дека со него биле двајца државјани на Србија, кои нелегално ја минале границата меѓу БиХ и Хрватска. Нашинецот ги собрал и требало да ги пренесе во Словенија. […]

ЕК: Земјите од Западен Балкан повторно ја потврдија својата европска иднина


Европската комисија денеска препорача Македонија и Албанија да почнат преговори за членство во Европската унија. Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување Јоханес Хан изјави дека препораката се базира на направената длабока анализа, а ЕУ треба соодветно да одговори на тие напори. Тој истакна дека политиката за проширување на ЕУ носи резултати, а земјите од Западен […]

ЕК: Реформите и дијалогот со Белград клучни за евроинтеграција на Косово


Kосово на својот европски пат треба да го забрза процесот на спроведување на неопходните реформи, да покаже посилен ангажман во дијалогот со Белград и да изгради консензус околу клучните стартешки прашања, се наведува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Приштина на патот кон ЕУ. Во текстот се оценува дека во текот на минатата […]

Вук Јеремиќ: Вучиќ им го вети Косово на Американците


Поранешнот српски министер за надворешни работи и актуелен лидер на опозициската Народна партија (НС), Вук Јеремиќ, тврди дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ „им го ветил Косово на Американците“, но оти има проблем како да го исполни тоа ветување. На трибината во Нови Сад, како што јави дописникот на МИА, Јеремиќ изјави дека на Вучиќ […]

Уапсена градоначалничка на софиска општина поради поткуп


Бугарската полиција денеска ја уапси градоначалничката на софиската општина Младост, Десислава Иванчева, под обвинение за примање поткуп. Софиското јавно обвинителство соопшти дека кај Иванчева биле пронајдени 70.000 евра, кои таа ги добила како поткуп. Како што јави БТА, покрај Иванчева, приведени се и нејзиниот заменик, како и човекот што и го дал поткупот. Иванчева беше […]

Јункер: На Западен Балкан му треба европска перспектива за да избегне војни


Европската унија има потреба да прими нови членки од Западен Балкан со цел да се избегне ризик за нова војна во регионот, изјави денеска шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер во Европскиот Парламент. – Ако не им дадеме на државите од Западен Балкан нова надеж за членство во ЕУ, ризикуваме да ги обновиме војните […]

Вучиќ: Не ни се противници Албанците туку тие што ни го одземаат Косово


Нам не ни се противници во косовското прашање Албанците, туку оние кои ја создаваа таа држава и кои ни ја одземаат таа територија, изјави денеска српскиот претсеател Александар Вучиќ. Во интервју за Пинк телевизија, тој рече дека е „јасно оти за Косово се преговара со САД, Велика Британија и уште неколку држави од Европската унија“. […]