Гореше петкатница во Лондон, евакуирани 50 лица


Голем пожар изби во текот на ноќта во петкатна зграда во Лондон, во квартот Вест Хемпстед, поради што беа евакуирани 50 лица.

Противпожарната служба соопшти дека 100 пожарникари, со 15 противпожарни возила, се бореле со огнот речиси четири часа.

Пожарникарите ги евакуирале луѓето кои живеат на последниот кат поради страв дека покривот може да се урне.

Засега не е позната причината за пожарот.