Харадинај: Косово и онака е мало, не може да се дели


Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај денеска уште еднаш ја отфрли секоја идеја за поделба на Косово и размена на територии со Србија.

Харадинај одби да зборува за идеите кои во последно време се пласираат во српските и косовските медиуми од страна на политичари и аналитичари од двете земји за поделба на Косово.

– На кое Косово? Косово и онака е мало, нема делење!, одговори Харадинај на новинарско прашање во Урошевац.

Косовскиот премиер изјавата ја даде на отворањето на Саемот на земјоделски производи и ракотворби во Урошевац, на кој, покрај косовските, учествуваат и компании од Македонија и Албанија.