Кабинет на претседателот: Пендаровски во обраќањето не го дискредитира ЈО


  Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во своето обраќање на вчерашната прес-конференција по ниту еден основ нема направено дискредитација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, ниту пак постои намера за напаѓање на надлежните институции и мешање во кривичните постапки коишто се во тек. Потенцираме дека Претседателот Пендаровски во своето обраќање изрази целосна […]

Сонцето од Кутлеш веќе нема да свети: Нема казни за граѓаните што ќе го носат со себе


Симболот од Кутлеш заминува во историјата. Шест месеци по официјализацијата на договорот за името во Мала Преспа, Македонија ќе треба да почне со применување на одредбата според која, нема да го употребува симболот на поранешното знаме во јавен простор од страна на јавни и државни институции. Спомениците во центарот на Скопје нема да бидат урнати, […]

Обвинителството му врати на Пендаровски: Подобро да ги повикаше пратениците да го гласаат новиот закон


Основното јавно обвинителство денеска реагираше по критиките од претседателот Стево Пендаровски за бавната истрага околу случајот „Рекет“ и барањата за одговорност кај сите инволвирани, вклучително и претставници на актуелната власт. „Укажуваме дека не е време за напади на институциите и нема да дозволиме дискредитирање на обвинители и мешање во кривични постапки од страна на политичарите. […]

Божествената убавина на „Јоаким Осоговски“


Во еден од најтоплите денови летово ги посетивме Крива Паланка и манастирот „Јоаким Осоговски“, со надеж дека ќе одмориме малку во ладовината на осоговската корија. Сабота, ден меѓу паланчани познат по големата посета од луѓе од соседна Бугарија. Кафулињата покрај Крива Река, која тече низ градот, беа преполни, а градот се чинеше жив. Заминавме кон […]

Славниот тенор Пласидо Доминго обвинет за сексуална злоупотреба


Шпанија– Осум оперски певици и балерина го обвинија славниот тенор Пласидо Доминго (78) за сексуално злоупотребување. Тие тврдат дека во 80-тите години од минатиот век биле уценувани од Доминго да имаат сексуални односи со него во замена за улоги, а кога бил одбиен „тој професионално ги казнувал“. Само оперската певица Патриша Улф јавно истапи, додека […]

Пендаровски ја дава Катица, но не и СЈО


Ја пушти Катица Јанева низ вода, застана зад СЈО, повика на законска, но и политичка одговорност за случајот „Рекет“, а на обвинителите што се одмораат им порача дека не е време за одмор и дека треба да спроведат брза истрага. Ова накратко беа клучните пораки на претседателот на државата Стево Пендаровски кој вчера свика прес […]

Лиле Стефанова ќе даде исказ за „Рекет“ во ЈО


Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, која го води предметот  „Империја“, денеска во Јавното обвинителство треба да даде исказ за случајот „Рекет“. Стефанова и нејзината шефица во СЈО Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“. Од […]

Сервер: Владата да се посвети на обемна и фер судска истрага за случајот „Рекет“


Во коментар за истрагата околу случајот „Рекет“ и можната поврзаност на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, Даниел Сервер од универзитетот „Џон Хопикинс“, изјави дека ваквите случаи треба да имаат судска разрешница. Во изјава за МИА, политичкиот аналитичар укажа дека тоа може да биде процес кој нема да заврши брзо. -Сметам дека главно во момнетов е […]

Бернс на Твитер: Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото


Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото, порачува американската амбасадорка Кејт Бернс во статус на Твитер, споделувајќи ја вчерашната објава на еврокомесарот Јоханес Хан за случајот „Рекет“ и борбата против корупцијата. -Како што рековме претходно, ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор, кој ќе биде […]

Адвокатот кој ја плати клаузулата на Нејмар е во канцелариите на Барса


Нејмар со големи чекори се приближува кон Барселона, тврди ексклузивно ТВ „Ел Чирингито“. Камера на популарната шпанска телевизија го забележа адвокатот кој ја плати клаузулата на Неј Џуниор во 2017 година (тогаш 222 милиони евра) како сега влегува во канцелариите на каталонскиот клуб. Бразилската sвезда на Пари Сен Жермен е на излез од „Паркот на […]

Обвинителката Елизабета Јосифовска денеска сослушана во ЈО


Обвинителката Елизабета Јосифовска од Специјалното јавно обвинителство денеска била повикана во Јавното обвинителство каде дала исказ за случајот „Рекет“. Државниот обвинител Љубомир Јовевски, денеска за МИА потврди, дека обвинителката Елизабета Јосифовска е сослушана пред надлежен јавен обвинител. Јосифовска претходно потврди дека таа го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на осмоничениот во „Империја“, Орце […]

(Фото) Заев: Нови 49.552 вработувања за две години


Премиерот Зоран Заев денеска на социјалната мрежа Фејсбук  објави дека за две години во државава има нови 49.552 вработувања и оти тие бројки се однесуваат за нововработени граѓани, а не за новоиселени. Нови 49.552 вработувања во Северна Македонија за две години! Според Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2019 година евидентирани се 789.414 […]

Катица Јанева се врати на работа, нема добиено покана за распит во ЈО


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е вратена од годишен одмор и од денеска е официјално на работа, но засега не е повикана да даде исказ во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“. Од СЈО за МИА потврдуваат дека Катица Јанева денеска се јавила редовно на работа, по завршување на годишниот одмор и дека се уште нема […]

Пендаровски: Разочаран сум од Катица Јанева


Претседателот Стево Пендаровски, одговорајќи на новинарско прашања на денешната прес-конференција, рече дека е разочаран од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. – Без да се сфати како политички притисок врз истражните органи што тоа треба да го работат,  како човек, со оглед на тоа што досега е јавно е познато – да разочаран сум, истакна Пендаровски. […]

Пендаровски: Очекував брза разрешница за „Рекет“, а надлежните заминаа на одмор


Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, по повод последните случувања поврзани со случајот „Рекет“, одржа прес-конференција, на која изјави дека изминатиов месец јавноста е сведок на огромна криминална афера која ги тресе темелите на важни државни институции и ја доведува под прашање, уште повеќе од досега, довербата на граѓаните во политичарите и во сопствената […]

Стефанова утре ќе даде исказ за „Рекет“, ЈО не открива дали и кога ќе биде повикана Јанева


Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, која го води предметот  „Империја“, е повикана утре во Јавното обвинителство да даде исказ за случајот „Рекет“, потврди за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Тој не открива дали и кога ќе биде повикана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. – Обвинителството заради доверливоста и успешно водење на истрагата не […]

Судијата не го одложи „Титаник“ на СЈО поради оставката на Јанева


Со изведување на материјални докази денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Предметот, продолжува по едномесечната судска ферија и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска, која беше спомната и во снимките за случајот „Рекет“, што ги објави италијанскиот весник „Ла […]

Кој направил пакт со ѓаволот – Јанева или Камчев?


Двајцата се како хиени, заеднички им е бизнисот и секако заедничкиот интерес, едниот сака кеш, а другиот сака слободата да си ја купи со кеш. Двајцата главни јунаци во турбофолк мафијашката серија се Бојан Јовановски познат како Боки 13 и богатиот бизнисмен Орце Камчев. Нивните разговори македонската јавност ги слуша цел викенд, а во нив […]

Влатко Стефановски е крал на тезгите: Гитарскиот виртуоз најбаран летово


Со интимен или експониран концерт, сам, во трио, или со две гитари или оркестар, еден или повеќе гости, со публика во темница или преку ден, на отворено, на стадион или во филхармонија, со пријатели, за пријатели и непознати, фанови или дипломатски кор, како ментор, учител или музички амбасадор, во Скопје, низ Македонија или низ регионот, […]