Заврши претресот кај Јанева во Козле, се очекува да пристигне во Кривичен суд


Мебел изнесе од домот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во Козле, откако таа таму беше вратена со полициска придружба по претресот извршен во нејзината канцеларија во Специјалното јавно обвинителство.

При претресот во СЈО со налог е одземен нејзиниот компјутер. Засега нема информации зошто Јанева од СЈО е вратена во домот во Козле, по што се очекува таа да биде изведена пред судија во претходна постапка, кој треба да одлучи по барање на ЈО за одредување мерка притвор.

Претрес денеска освен, во домот на Јанева во Скопје и во нејзината канцеларија, се врши и во нејзината куќа во Гевгелија.

ЈО бара притвор за Јанева, која е осомничена за злоупотреба на службена положба и овластување заради стекнување лична корист во случајот „Рекет.