Бунт во мензата на Европскиот парламент


Вработените во Европскиот парламент се бесни поради тајното зголемување на цените во мензата кои, велат, дека ја оставила демократската институција на ЕУ со најмалку демократско мени за ручек. Зголемувањата, извршени во последните денови додека повеќето европратеници и персоналот на парламентот се на одмор или работат надвор од Брисел, се за 25 проценти или повеќе – […]

Заев: Се кочи разрешувањето на Јово Вангеловски


По обвинувањата на градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, дека премиерот Зоран Заев барал од него да се смени претседател на суд, Заев во изјава за медиумите открива дека некој во Судскиот совет, алудирајќи на членовите избрани по предлог на ДУИ, го кочат, односно одолговлекуваат носењето на одлука за разрешување на претседателот на Врховен суд, Јово […]

Сите обвинители од СЈО ќе „пеат“ за „Рекет“?


Обвинителот кој го води случајот „Поштенска банка“, Бурим Рустеми е третиот обвинител од Специјалното јавно обвинителство кој ќе оди да даде исказ пред своите колеги од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Обвинителката Вилма Русковска вчера се врати од одмор и, според нашите неофицијални информации, наводно на распит ќе ги повика сите обвинители […]

Трагедија во Ново Лисиче – Еден нож зацрни две семејства


Маалската нетрпеливост меѓу тинејџери кои ги минувале деновите од распустот во Ново Лисиче, заврши со убиство на седумнаесетгодишниот Никола, син единец и ученик во средното училиште „Владо Тасевски“. Половина час по полноќ викање и пцуење ги вознемирило жителите на улицата „Февруарски поход“. Клупите на кои до пред неколку часа седеле со своите соседи додека нивните […]

Заев: Нема да дозволиме криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјата


Сите замешани во случајот кои прекршиле закон да си одговараат со соодветни казни, во транспарентна правосудна постапка. Одговорност мора да има и за осмислувачите и за сите оние кои прават сѐ да се спасат и при тоа се претставуваат како жртви. Жалам ако од некого сум бил погрешно разбран или протолкуван, но останувам на моите […]

Врховен одлучи – Морина нема да биде екстрадиран во Србија


Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска го потврди решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје од 7 август годинава, кој одлучил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција во Србија на лицето Томор Морина, државјанин на Велика Британија и на Република Косово. – Во […]

Заев: Секој што е инволвиран ќе си одговара


Премиерот Зоран Заев денеска во објава на Фејсбук нагласува дека верува во транспарентни и во многу прецизни и брзи истраги. – Јас, уште еднаш напоменувам, сум човекот којшто го пријави овој случај. Да не биде тоа заборавено. Денес оваа политичка гарнитура, преку извршната власт, создаде услови правосудството, Јавното обвинителство, непречено да работи, без разлика дали […]

Дали Стефанова ќе ја „реши“ Јанева?


Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство Лиле Стефанова вчера се врати во зградата во која работеше со години, во Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупција. Но не во својство на обвинител, туку во својство на сведок. Стефанова дошла во зградата на Обвинителството од девет часот наутро, но нејзиното влегување не го виде и сними […]

Наместо да ја урне платформата, Беџети удри по Заев


  Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, користејќи го моментот со аферата „Рекет“, реши да удри по премиерот Зоран Заев, како сопствена одбрана за хаосот со дивоградбите на Матка, за кој Антикорупциска комисија побара од надлежните институции кривично да се гони. Ги собра вчера новинарите во својот „сарај“ за да обзнани дека, наводно, премиерот Зоран Заев […]

Шведска не рекла „не“, уште се мисли дали да го испорача Давидовски


Македонија сè уште чека известување од Шведска дали ќе ни го екстрадира Дејан Давидовски, кој е еден од обвинетите за насилствата во Собранието од 27 април 2017 година. По информацијата во дел од македонските медиуми оти, наводно, било донесено решение за одбивање на македонското барање, ја контактиравме шведската амбасада од каде што демантираат дека тамошниот […]

Заев се извини на ЛГБТИ заедницата


Премиерот Зоран Заев преку Твитер упати извинување до ЛГБТИ заедницата и појаснување дека во изјавата што ја даде вечерва зборот „педер“   го употребил за да даде карактерна особина, а не да означи сексуална припадност. – ЛГБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив […]

Ахмети: Партнерството меѓу ДУИ и СДСМ функционира без проблеми


Партнерството меѓу ДУИ и СДСМ функционира без проблеми, оцени лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, одговарајќи на новинарско прашање каква е состојбата во владината коалиција. Според Ахмети, има и разлики и предрасуди од, како што рече, некој член на партијата, но тоа не го загрозува партнерството. – Секако дека имаме и разлики. […]

Заев: Немам намера да размислувам ниту за оставки, ниту за предвремени избори


Премиерот Зоран Заев во коментар на барањето на опозицијата за оставка и предвремени парламентарни избори по објавата на случајот „Рекет“ изјави деканема намера да размислува  за такво нешто. – Апсолутно Владата, која го има на чело човекот кој го пријави овој случај, сето тоа го ставам во вода, го ставам на страна, немам намера да […]

(ВИДЕО) Заев: Нема да дозволам еден педер да ја симне оваа Влада од власт


Премиерот Зоран Заев изјави дека нема да дозволи индивидуалци ја срушат власта, верува во темелна и брза истрага за случајот  „Рекет“, којашто ќе ги покаже доказите за, како што вели, секој случај, вклучително и за Катица Јанева, Зоран Заев и за кој било. Смета дека сега не е момент за предвремени избори  со оглед на […]

Заев: Од Беџети барав да се постапува по закон


Разговарам со сите градоначалници кога се работи за проблеми на општините и посебно проблеми кои ги загрижуваат граѓаните, а за кои може да помогне Владата,  а со градоначалникот на Сарај Блерим Беџети зборував и по повод шпекулациите во јавноста дека некој го штити Јово Вангеловски во Судскиот совет. Ме интересираше дали има вистина во тоа […]

Уште 30 дена притвор за Бојан Јовановски и Зоран Милески


Бојан Јовановски и Зоран Милески осомничени во случајот „Рекет“, ќе останат во притвор уште 30 дена. – Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Б.Ј. и З.М. опфатени  во предметот во медиумите познат како „Рекет“, […]

Беџети: Заев бараше да влијаам за да се смени претседател на суд


Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети денеска изјави дека Државната комисија за спречување корупција покренала постапка против него, затоа што го одбил барањето на премиерот Зоран Заев „да влијае на членови на Судскиот совет за да биде сменет претседател на еден суд“. Тој тврди дека на 17 јули премиерот ми се јавил и побарал од него […]

Стефанова: Сѐ што знам споделив со надлежниот обвинител


Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова по петчасовниот распит во Обвинителството за организиран криминал, изјави дека со надлежниот обвинител споделила сѐ што и е познато за случаите „Империја“ и „Рекет“. – Свесна сум свесна за интересот на јавноста за истрагата за „Рекет“ и за сите допирни точки со истрагата за „Империја“ каде јас сум предметен јавен […]

Владата формира посебен тим кој ќе работи на борбата против корупцијата


Владата формира оперативен тим кој бескомпромисно ќе работи на борбата против криминалот и корупцијата со цел да биде задоволена правдата и да има целосна одговорност за сите кои учествувале или помагале криминал и корупција во минатото и сега. Владата ја започна редовната 149-та седница со носење на одлука за формирање на оперативен тим кој преку […]

Спасовски: Мора да имаме брза и ефикасна истрага за „Рекет“


Потребна е брза и ефикасна истрага и изведување пред лицето на правдата на секој кој бил инволвиран во случајот „Рекет“, и воопшто во кој било случај, со цел да се поразат криминалците, оти нема друг избор за напредок на државата, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Одговарајќи на новинарско прашање за неговиот став во […]