Не ви се случи Хирошима, туку инцидент!


Минатиот петок не ви се случи Хирошима туку придружен инцидент кој предизвика сериозни последици овде. Но тоа не значи крај за вашиот европски пат. Европската перспектива постои и таа ќе биде прецизирана следните месеци – порача вчера францускиот амбасадор Кристијан Тимоние обидувајќи се да ја одбрани одлуката на претседателот Емануел Макрон да ја блокира Македонија […]

Јанчев нема да формира партија, Тортевски сака пет пратеници


Изградба на кружен тек на спојот од булеварите „Никола Минчев“ и „Цветан Димов“, уредување на „Паркот на револуцијата“ и уривање на потпорниот ѕид на улицата „7 Септември“. Ова се дел од последните активности со кои што е преокупиран кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев. На половина од мандатот како прв човек на градот, познатиот бизнисмен ја реализира […]

Мицкоски ќе чека избори колку што Заев чекаше влада


Претстојните априлски избори ќе бидат десетти во историјата на плурализмот во земјава, а петти по ред вонредни. Премиерот Зоран Заев мината седмица, по француското „не“ за Македонија на самитот на ЕУ, најави брзи избори, по што, на лидерската средба во претседателската резиденција, побарал тие да се одржат на 22 или на 29 декември годинава. Но, […]

Уште три земји останаа за Протоколот за НАТО, Франција ќе го заврши најдоцна на почетокот на декември


Уште три ратификации ја делат Северна Македонија од полноправно членство во НАТО. Дваесет и шест земји, меѓу кои и САД, дадоа зелено светло земјава да се приклучи во Алијансата. Останува тоа наскоро да го сторат уште Франција, Холандија, и Шпанија. Вчера попладне Парламентот на Исланд го ратификуваше Протоколот за нашето членство во НАТО, што е […]

Заев сведочеше за прислушувањето: Мијалков е виновен, но лошотијата доаѓа од Груевски


Четири години откако ги обелодени „бомбите“ во јавноста и обвинуваше дека тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков масовно прислушува, премиерот Зоран Заев конечно се соочи со него и со другите обвинети за масовното прислушување во судница. Но, во своето сведочење Заев ниту еднаш не го спомена Мијалков, а тој пак немаше ниту едно прашање да […]

Исланд го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО


Парламентот на Исланд попладнево го ратификуваше Протоколот на Северна Македонија за членство во НАТО. – Веста за 26. ратификација на Протоколот за членство во НАТО, во парламентот на Исланд, ја добив во Брисел, на состаноците на Северноатлантскиот совет. Благодарам за доследноста. Денеска имав успешни средби и со грчкиот колега, Никос Панагиотопулос, со министерот за одбрана на […]

Џафери: За нас не постои алтернатива освен тoa што е зацртанo од осамостојувањето на земјата


Ако се прашувате како и по кој пат продолжуваме оттука натака, можам одговорно и сигурно да ви кажам – за нас не постои друга алтернатива освен таа што е зацртана од осамостојувањето на земјата, односно полноправно членство во ЕУ и НАТО, уште поревносно продолжување со реформите, за доброто на нашите граѓани, за напредокот и развојот […]

Заев: Мијалков и тоа како е виновен, но лошотијата, злобата доаѓа од конзументот


Премиерот Зоран Заев денеска по сведочењето во Основниот кривичен суд во Скопје за незаконското следење на комуникациите во случајот „Таргет – Тврдина“ изјави дека нема ништо спорно во сведочењето на Зоран Верушевски. Тој со него е во секојдневна комуникација како негов советник за национална безбедност. Вели, Сашо Мијалков и тоа како е виновен за прислушувањето, […]

Заев сведочи дека најприслушувани биле тој и Црвенковски


Премиерот Зоран Заев попладнево во Основниот кривичен суд во Скопје сведочи на судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет Тврдина“. – Како претседател на СДСМ, Зоран Верушевски ме информираше дека партијата располага со документи и материјали од типот на незаконско следење на комуникациите, кажа Заев на денешното рочиште. Одговарајќи на прашање од обвинителството, кога дознал […]

ДУИ пред пораз ако се обедини албанската опозиција


Албанските опозициски партии се обединат во предизборна коалиција, ќе следуваат тектонски промени во албанскиот политички блок, односно сигурна детронизација на ДУИ која во своето 17-годишно постоење 15 години е станар на „Илинденска“, сметаат аналитичарите. Засега никој не е убеден во реализација на едно такво „братско сценарио“ меѓу Алијансата за Албанците и Беса, кое би ја […]

Јавните пари се трошат без контроли


Најавите дека до крајот на неделата ќе биде избран новиот главен државен ревизор нема да се остварат. Партиите и натаму не можат да дојдат до компромисно име, а за тоа време Државниот завод за ревизија (ДЗР) е целосно закочен. Ревизорите не можат да излезат во контрола на државните институции, не можат да ги извршат основните […]

Тимоние: Се создаде впечаток дека Преспа е единствениот услов, на прашањето ќе се навратиме во Загреб


Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска на прес-конференцијата што ја закажа со цел да одговори на сите прашања на новинарите по француското „не“ за одлука за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, истакна дека ги пренел во Париз на француските власти силните емоции и разочараноста која се чувствува во земјава по Самитот на ЕУ […]

Прво зачленување во НАТО, па распуштање на парламентот


Премиерот Зоран Заев пресметал дека заокружувањето на процедурата за официјално членство на Северна Македонија во НАТО нема да се наметне како причина за можно пролонгирање на изборниот термин, што партиските лидери го договорија за 12 април следната година. Проценките на Заев се дека Шпанија ќе стигне во текот на декември да го ратификува протоколот за […]

Законот за јазици чека (предизборна) пресуда и од Уставен суд


Договорен по последните парламентарни изборите во 2016 година, Законот за употреба на јазиците повторно крева прашина и во владејачката коалиција и во политичко-правните кругови во земјава пред новите предвремени парламентарни избори, во април следната година. На почетокот на следниот месец, според најави од Уставниот суд, Законот кој беше дел од преткоалицискиот договор меѓу СДСМ и […]

ЕП ќе гласа за Резолуција за почеток на преговорите со Скопје и Тирана


Европскиот Парламент во заедничката резолуција за која ќе се гласа денеска напладне, ги повикува земјите-членки на ЕУ и нивните лидери да покажат одговорност кон Северна Макеоднија и Албанија и едногласно да донесат позитивна одлука за започнување преговори на нивната следна средба, имајќи ги предвид можните последици, јавува дописникот на МИА. Заедничката резолуција на политичките групи на Европскиот парламент-  Групата […]

Судиите го разгневиле Заев: Ова е дрско и безобразно


Исто како и пред изборите, пред да дојде на власт во 2016 година, кога најавуваше дека ќе го распушти судството, премиерот Зоран Заев и пред сегашните избори удри по судиите бидејќи не пресудиле за ниту еден предмет за кој токму тој како опозиционер ги објави индициите за криминал. Заев бил огорчен откако прочитал во медиумите […]

Герберих: Не заслужувате ништо помалку од полноправно членство во ЕУ


Германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих во врска со одлуката на Советот на ЕУ да не започне преговори со Северна Македонија, рече дека земјава е дел од Европа и не заслужува ништо помалку од целосно членство во Европската Унија. – Германија ќе продолжи да дава поддршка како што тоа секогаш сме го правеле. Ве молам […]

Заев: Јас ќе ја водам кампањата и ќе бидам кандидат за премиер


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека на претстојните парламентарни избори во април следната година повторно ќе биде кандидат за премерското место. -Јас ќе ја водам кампањата, јас ќе бидам кандидат за премиер, но за тоа ќе треба да одлучат органите на партијата и коалицијата. Јас сум радосен што ќе и се посветам на партијата. Ќе […]

Заев: Најавата за вонредна резолуција на ЕП ќе ја врати мотивацијата да продолжи по европскиот пат


Премиерот Зоран Заев смета дека најавата за вонредна резолуција на Европскиот парламент со која повторно ќе се побара отворање на пристапните преговори за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ ќе биде од помош и ја врати мотивацијата кај нашиот народ да продолжи по европскиот пат. – Намерата на ЕП е од помош, нешто […]