Интервју со Никола Попоски: Не бркам фотелја и не формирам партија, но сакам промени


Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски ретко се појавува во медиумите, но и при партиските активности на ВМРО-ДПМНЕ. Во интервју за „Независен весник“, тој зборува за шпекулациите дека ќе формира нова партија, каков е неговиот однос со Христијан Мицкоски, кој ќе победи на парламентарните избори в година, за неговите лични амбиции, како и дали […]

Блок: Северна Македонија е поподготвена од Албанија


Луксембург– Министерот за надворешни работи на Холандија Стеф Блок денеска ја повтори позицијата на неговата земја дека Северна Македонија е поподготвена од Албанија за почеток на преговорите со ЕУ. Пред почетокот на Советот на министри на ЕУ во Луксембург на кој ќе се расправа за старт на пристапните преговори со Скопје и Тирана, Блок изјави […]

Популизам или мобилност. Кабинетот на Заев се пресели на Широк сокак


Владата вчера во „вонредни услови“ одржа редовна седница. Наспроти досегашната практика, владините седници, главно, да се одржуваат во вторник, во работно време и на „Илинденска“ бр. 2 во Скопје, кабинетот на Зоран Заев понеделнички се пресели во општинската зграда во Битола. Оваа владина седница беше закажана во приквечерина, а претходно, во текот на денот, се […]

Без одвојување од Албанија потешко до ЕУ преговори за Северна Македонија утре


Нема напредок во позициите на земјите-членки на ЕУ за отворањето преговори со Албанија и Северна Македонија по вечерашниот амбасадорски состанок во Луксембург. Ставот на Франција останува непроменет во однос на преговорите со Тирана и Скопје. Париз смета дека е потребно повеќе време за реформа на преговарачкиот процес за земјите-кандидати и дополнителни докази за борбата против […]

Заев: Владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, останувам силно убеден дека ќе добиемe датум


Франција и Германија синоќа почнаа и ќе продолжат да разговараат, а според моите информации владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно во среда, изјави македонскиот премиер Зоран Заев, коментирајќи го амбиентот во пресрет на самитот на европските лидери. Останувам силно убеден дека ќе добиемe датум за преговори, нагласи Заев пред почетокот […]

Курти ќе побара од Заев нова истрага за „Диво Насеље“: Целиот процес е сомнителен и монтиран


Лидерот на Самоопределување Албин Курти, по добивањето на премиерскиот мандат ќе ги истражи сите органи и институции во Косово за случајот „Диво Насеље“. Покрај тоа, Курти вели дека ќе контактира и со владата на премиерот Заев за да отвори нови истраги, бидејќи смета дека тековниот процес започнал од поранешниот режим во Северна Македонија и е […]

Пендаровски: Се надевам и очекувам позитивна одлука од Европа


Надеж дека Европскиот совет ќе даде зелено светло за почеток на пристапни преговори со унијата, изразува претседателот Стево Пендаровски во изјавата за грчкиот весник „Етнос“, потенцирајќи дека ваквата одлука би била достојна и признание за напорите што ги направи земјата, jави дописничката на МИА од Атина. Во текстот под наслов: „Стево Пендаровски за Етнос: Време […]

Османи: Очекуваме јасна одлука за почнување преговори со ЕУ


Очекуваме јасна одлука за отпочнување на преговори со ЕУ, затоа што ова е единствениот правилен епилог на овој процес којшто не се засновал на политички премостувања. Ова го истакна вицепремиерот Бујар Османи на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции. Тој посочи дека очите на 20 милиони жители од Западен Балкан се насочени кон Брисел […]

Заев: Очекуваме позитивна одлука за преговори со ЕУ


Знаеме дека многу земји зборуваат позитивно за Република Северна Македонија. Го подобривме нашиот имиџ како држава која гради пријателства со своите соседи. Ние сме следната членка на НАТО, што е многу важно за нашиот регион кој е мултиетнички. НАТО значи поголема стабилност и подобра безбедност, истовремено значи и зголемен број инвестиции и за Северна Македонија […]

Заев: Очекувам конкретна поддршка од Бугарија за нашата евроинтеграција


Премиерот Зоран Заев очекува дека Бугарија ќе покаже конкретна поддршка во Совет за општи работи и во Европскиот совет затоа што, како што рече, тие искрено сакаат да не поддржат и имаат обврска со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Тој смета дека нивната намера е да го градиме пријателството во нагорна линија. – Бугарија […]

Состојбата на Јанева стабилна, се враќа во притвор


Состојбата на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“, е стабилна и денеска треба да биде пуштена од болничко лекување и вратена во затворот „Скопје“. – Состојбата на Јанева е стабилизирана и препишана и е терапија. Денеска очекуваме да биде пуштена од болничко лекување и вратена во притвор, изјави нејзината […]

Чешка, Полска, Словачка и Унгарија бараат ЕУ да ги почне преговорите со Скопје и Тирана


Белгија– Со заедничко отворено писмо насловено „Да го придвижиме Западен Балкан напред“, шефовите на дипломатиите на Чешка, Полска, Словачка и Унгарија, бараат ЕУ да донесе смела одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија. – Северна Македонија и Албанија ги исполнија клучните критериуми што ги постави ЕУ спроведувајќи комплексни домашни реформи. Дополнително, Северна […]

Заев: Се покажува разликата со нашите политички опоненти


Премиерот Зоран Заев денеска оцени дека објавениот аудио разговор на социјалната мрежа „Фејсбук“ на министерката за одбрана Радмила Шекеринска со поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Фатмир Бесими за локалните избори во 2013 година покажува принципиелност и како што истакнува, разликата со нашите политички опоненти. Самата бомба, истакна Заев, навистина го покажува тоа колку сме различни од […]

По четири дена болничко лекување, Јанева денеска треба да биде вратена во притвор


Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева по четири дена болничко лекување во клиниката „Жан Митрев“ денеска треба да биде вратена во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Адвокатка Ирена Фрчковска, рече дека очекуваат Јанева денеска да биде пуштена од болничко лекување, кога ќе имаат и повеќе детали за здравствената состојба. – Најверојатно ќе биде пуштена денеска […]

Што ќе биде следниот изговор на Макрон?


Ќе стане ли Франција единствената земја која двапати ѝ ставила вето на Македонија – еднаш застанувајќи зад Грција во НАТО во 2008 година и сега упорно одбивајќи да ја награди земјата за Преспанскиот договор и чекањето 25 години да направи суштински чекор кон ЕУ? Во пресрет на состанокот на амбасадорите во Брисел денес и на […]

Независните со СДСМ: Зајакнување на мнозинството или порака до Ахмети?


Чекајќи ги вестите од Брисел, политичките партии во земјава се подготвуваат за периодот што ќе настапи по (не)добивањето на датумот за старт на преговорите со Европската Унија. Опозицијата бара веднаш да бидат организирани предвремени парламентарни избори, без оглед каков ќе биде исходот од самитот, додека владејачките партии засега ја одбиваат таквата можност инсистирајќи на гласање […]

Не се знае дали Макрон и Меркел разговарале за датумот за преговори за Македонија


Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел вечерва во Париз имаа работна вечера, на која според најавите меѓудругото требаше да разговараат и за отворањето преговорите на Европската Унија со Северна Македонија, откако германскиот Бундестаг даде зелено светло за тоа. Работната вечера на претседателот Емануел Макрон и канцеларката Ангела Меркел е пред се посветена на […]

Полска пресилна за македонската репрезентација


Втор пат во квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020, репрезентацијата на Полска ја совлада македонската селекција, овој пат во Варшава со 2:0. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски издржаа едно полувреме, но во второто потклекнаа под налетите на домаќините кои заслужено ги освоија трите бода. Стрелци на головите беа Франковски во 74. и Милик во 80. […]

Јанева е подобро, се враќа во Шутка


Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева утре се враќа во истражниот затвор во Шутка, потврди нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска. Здравствената состојба значително ѝ се подобрила по четири дена поминати во приватната клиника „Филип Втори“, каде беше примена во прединфарктна состојба. Сепак, сѐ уште е неизвесно дали Јанева ќе го продолжи престојот во затворот „Скопје“, затоа […]

Кривична пријава за дивоизграден автокамп и два помошни објекти во Струшко


Педесетгодишен жител на Калишта, Струшко заработи кривична пријава за бесправно градење на автокамп и два помошни објекта на подрачјето на Струга. Полицијата, како што соопшти МВР, поднесе кривична пријава против Б.К. (50) од село Калишта, Струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Како што наведуваат во текот на 2019, на […]