Белград најзагаден на светот, Скопје на шестото место


 

Со денови е запален „црвениот аларм“ затоа што воздухот во Србија е многу загаден, но денеска главниот град Белград се искачи на прво место по загаденост во светот.

Според податоците кои ги покажа страницата ЕрВижуал, по престолнината на Србија, загадувањето е највисоко во Сараево и во Делхи, а Скопје пак, се најде на шестото место по загаденост.

Листата до десетото моесто ја дополнуваат и Ханој, Братислава, Краков…

Лекарите апелираат дека луѓето кои имаат респираторни проблеми, пациенти со кардиоваскуларни проблеми и онколошките пациенти со малигнитет на белите дробови не треба да излегуваат од дома од 8 до 18 часот.

Ако излегувате од дома, имајте во предвид дека хируршките маски не помагаат. Стручњаците советуваат дека користење влажни марамчиња или влажна маска се подобро решение, поради тоа што водата е најдобар растворач, а испирањето на устата и носот при враќањето дома е исто така пожелно.

Имајќи предвид дека грејната сезона се уште не почнала како што треба, и дека приватните ложишта и топланите, покрај индустријата и сообраќајот се главни загадувачи на воздухот, се поставува прашањето каков воздух ќе дишеме в зима.