Заев: Не сум вмешан, објавете се што имате за Рекет


-Јас сум убеден  дека ќе победиме на следните парламентарни избори. Секако, тоа е одлука на граѓаните. Тргнувам од впечатокот за тоа што е постигнато во овие две и пол години, каква е алтернативата, односно што нудат нашите опоненти и определбата за идниот раст и развој на нашата земја. Верувам дека со програма којашто ќе продолжи […]

Анализа на Владата: Економијата расте, граѓаните добиваат!


Владата на Република Северна Македонија изминатите две и пол години силно е посветена на стабилизирање и зајакнување на домашната економија. Силната економија носи директни придобивки за граѓаните преку зголемување на платите и пензиите, стабилизирање на здравствениот и пензискиот фонд, привлекување странски и зголемување на домашните инвестиции, отворање нови фабрики, а со тоа и зголемен број […]

Пендаровски-Вучиќ: Скопје и Белград имаат многу добри односи


Односите меѓу Белград и Скопје се одлични, со поголема доверба од порано и со подобрена економска соработка, оценија претседателите на Северна Македонија и на Србија, Стево Пендаровски и Александар Вучиќ по нивната денешна средба во српскиот главен град. – Во политичките односи, освен различни погледи за независноста на Косово, немаме други отворени прашања. Сакаме да ги […]

Франција го ратификуваше протоколот за НАТО


Францускиот парламент денеска го ратификуваше Протоколот за НАТО, објави на својот твитер профил македонската министерка за правда, Радмила Шеќеринска. „Франција ратификуваше. Ни остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО!“ напиша Шекеринска. Останува Протоколот да се ратификува уште во парламентот во Шпанија, каде постапката се пролонгира поради парламентарните избори во земјата. За земјава да стане […]

Војвотка на стилот: Меган Маркл е највлијателна модна личност во 2019


САД- Војвотката од Сасекс Меган Маркл (38) е прогласена за највлијателна модна личност за 2019 година, според онлајн пребарувањето за мода. Базирано на онлајн резултатите за пребарување, поранешната актерка, а сега сопруга на принцот Хари е најпребарувана на платформата како влијателна модна икона. Страницата на онлајн купување Lyst, ги колектирала пребарувањата на 104 милиони купувачи, […]

Урсула фон дер Лајен: Западен Балкан – стоиме зад вас


Хрватска– Идната претседателка на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, има порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција на европскиот пат, дека стои зад нив. – Ние го делиме истиот континент, историја, култура и сме во исто политичко семејство. Ве уверувам дека стоиме покрај вас, без оглед на сите процеси. Ние […]

Мицкоски на Самитот на ЕПП: Македонија припаѓа во ЕУ, од 12 април следуваат промени на политичката сцена


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се обрати пред сестринските партии на конгресот на ЕПП кој се одржува во Загреб. Мицкоски се осврна и на досегашното владеење на СДСМ, посочувајќи дека на 12 април ќе има промена на политичката сцена во нашата земја односно дека ќе има нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. „Во последните три […]

Нема времен пасош за Камчев


Кривичниот суд не му даде привремен пасош на Орце Камчев. Скопска Единица донесе ваква одлука откако и обвинителката Лиле Стефанова даде негативно мислење и одлучи дека бизнисменот не треба да добие времена патна исправа за да патува во странство. Камчев е осомничен во случајот Империја, за перење пари и во текот на истрагата, со амин […]

Апелација ја објави пораката од Русковска: „Од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага”


  Апелацискиот суд во Скопје денеска на колегум расправал по најавите на јавната обвинителка Вилма Рускоска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите кои вчера донесоа одлука со која ја пуштија во куќен притвор поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета во случајот „Рекет“. Колегиумот, како што се посочува во соопштението од Апелација, во оценил дека […]

Судијката Димишкова од снимките кај Камчев повикана во Обвинителство


Судијката Весна Димишкова е повикана да дава исказ пред обвинителката Вилма Рускоска, која го води случајот „Рекет“. Судијката Весна Димишкова се спомнува во снимените разговори направени во домот на Орце Камчев поврзани со случајот “Рекет“, пренесе Tелма. Засега не се знае во какво својство е повикана.

Заев за Њујорк Тајмс: Се кршам одвнатре


Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за весникот Њујорк Тајмс објавено во вторникот предупредува дека запирањето на проширувањето на ЕУ може да предизвика драматични поместувања во целиот регион. „Се кршам одвнатре“ вели Заев во разговорот за американскиот весник кој, таа изјава ја става и во насловот на текстот. „До пред само два месеци, лидерот на […]

Рускоска: Ќе покренам финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во куќен притвор


Обвинителката Вилма Рускоска најави дека ќе покрене финансиска истрага за судиите кои донесоа одлука за куќен притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. – Не знам кои се судиите. Чекам да го добијам решението, но ќе покренам финансиска истрага, изјави Рускоска за МИА. Јанева вчера попладне ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор откако […]

Живот со „Панасоник“ во „паметен“ дом и со кафе што ќе ви го свари компјутерот


Ѕидови и плакари што зборуваат, дигитална домашна помошничка што ќе ви помогне да сварите чај или  кафе, дигитално огледало што ќе ви каже како сте денес и колку ви е притисокот, плакар што ќе ги отстранува вирусите и ќе ви мери колку ви е дома загадувањето, домашно милениче – роботче што ќе ви ги носи […]

Аврамопулос: Северна Македонија не побарала финансиска помош за капацитети за бегалци и мигранти


Северна Македонија не побарала финансиска помош од Европската унија за градење кампови за мигранти и бегалци, изјави денеска еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи на ЕУ- Западен Балкан одговарајќи на новинарско прашање. Меѓу главните теми за кои разговараа официјалните претставници на земјите од Западен Балкан со претставниците […]

Франција место поглавја, предлага седум фази за пристап кон ЕУ


  Откако Франција одлучи да ги блокира преговорите со Македонија и со Албанија за пристап кон Европската Унија, сега предлага промена на политиката за проширување со воведување процес кој би имал седум фази. Во неформален документ кој е поделен меѓу државите членки на ЕУ, владата на Емануел Макрон предлага премин од процес на пристапување поглавје […]

Средба Заев-Јоурова: Северна Македонија се движи во вистинска насока


Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од министерката за правда, Рената Дескоска, денеска се сретна со еврокомесарката за правда, потрошувачи и родова еднаквост, Вера Јоурова, придружувана од амбасадорот на ЕУ во земјава, Самуел Жбогар. На средбата е изразена почит кон постигнувањата на премиерот Заев и на Владата на политички и на реформски план. Констатирано е […]

Столтенберг очекува Протоколот за НАТО да биде ратификуван во почетокот на следната година


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска на прес конференција во Брисел рече дека не очекува процесот на ратификација на членството на Северна Македонија во Алијансата сите сојузници да го завршат до почетокот на декември. „Но очекувам процес да биде завршен во почетокот на следната година и тогаш Северна Македонија да стане членка. Тие ќе […]

Царовска: Го решаваме долгогодишниот проблем на лицата без документи


Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска имаше воведно обраќање на Националната конференција „Проценка на напредокот на Република Македонија во спроведувањето на јавните политики кон ромската заедница“ организирана од Ромалитико. Министерката Царовска истакна дека Владата усвои Закон за лицата нерегистрирани во матичната книга на родени и истиот се очекува наскоро да го изгласа […]

ЕУ денеска ќе дискутира за проширувањето, но не и за францускиот предлог


Финската министерка за европски прашања, и ЕУ претседавач, Тити Тупураинен, пред почетокот на Советот за општи работи утрово изјави дека францускиот предлог за реформа на проширувањето нема да биде тема на дебатата денеска. – Станува збор за далекусежна работа, нема да дискутираме за француската иницијатива денеска, ќе се навратиме на политиката на проширувањето и ќе […]