Франција место поглавја, предлага седум фази за пристап кон ЕУ


 

Откако Франција одлучи да ги блокира преговорите со Македонија и со Албанија за пристап кон Европската Унија, сега предлага промена на политиката за проширување со воведување процес кој би имал седум фази.

Во неформален документ кој е поделен меѓу државите членки на ЕУ, владата на Емануел Макрон предлага премин од процес на пристапување поглавје по поглавје, на процес кој трае седум фази.

Процесот подразбира постепено приближување до нормите и стандардите на ЕУ и не би бил еднонасочен. Ако владата на државата кандидат заостане во исполнувањето на обврските, ЕУ може да го врати процесот на претходната фаза, пишува New Europe.

Идејата за фази, кои би ги замениле поглавјата, значи дека реформите се кохезивни и тематски поврзани, а не расштркани во различни правци на политиката.

францускиот предлог наводно е производ на консултации со Германија, Холандија и Данска. Прашање е сега дали овој предлог значи завршување на проширувањето или е искрен обид процесот на приклучување кон Еу да се направи поефикасен во постигнување конвергенција.

Во секој случај, рускиот министер за надворешни работи Сергеј лавров го поздрави францускиот предлог. Русија исто така го поздрави нарекувањето на НАТО „клинички мртво3, што го направи францускиот претседател минатата недела, а неговото повикување на „стратешки дијалог“ со Русија во интервјуто за Економист сугерира јасно отстапување од евроатланскиот пат.

Бројни аналитичари сметаат дека некој нов пристап во пракса ќе значи успорување на процесите за проширување на Еу и деморализирање на земјите кандидатки кои со години или децении чекаат да станат дел од европското семејство.