Анализа на Владата: Економијата расте, граѓаните добиваат!


Фото: Б. Грданоски

Владата на Република Северна Македонија изминатите две и пол години силно
е посветена на стабилизирање и зајакнување на домашната економија.
Силната економија носи директни придобивки за граѓаните преку зголемување
на платите и пензиите, стабилизирање на здравствениот и пензискиот фонд,
привлекување странски и зголемување на домашните инвестиции, отворање
нови фабрики, а со тоа и зголемен број на новоотворени работни места.

Тимот на вицепремиерот Анѓушев, заедно со министрите од економските
ресори, изработија сериозна анализа, базирана на официјални податоци и
статистики. Анализата споредува три сетови од по 8 квартали, односно
периодите од јули 2013 до јуни 2015, јули 2015 до јуни 2017 и од јули 2017 до
јуни 2019 година. Фактите и бројките се непобитни, економијата е посилна од
било кога.

Клучните заклучоци на анализата се:

Бројот на нови работни места сега е многу поголем во споредба со
периодот 2013 – 2017
Во периодот од јули 2013 – јуни 2015, во Северна Македонија се вработиле
21.111 лица.
Во периодот од јули 2015 – јуни 2017, во Северна Македонија се вработиле
40.314 лица.
Во периодот од јули 2017 – јуни 2019, во Северна Македонија се вработиле
54.391 лица.

Разликата помеѓу периодот 1 и периодот 3 е +158% зголемување на бројот на
вработени лица.

Намалувањето на невработеноста е едно од првите прашања на кои Владата
сериозно се посвети. Преку директните мерки на Министерството за труд и
социјална политика и Агенцијата за вработување, и со мерките за поддршка на
компаниите и привлекувањето на странските инвестиции, Владата успеа за 2
години да отвори повеќе од 54.000 нови работни места. Со помош на овие
политики, Северна Македонија дојде до историски најниската стапка на
невработеност од 17,4%.

Како Влада сметаме дека е најважно за сите млади од Северна Македонија е
да им обезбедиме добро платена и квалитетна работа, која ќе ги привлече да
останат дома. Токму затоа беа отворени многу нови можности за нив преку
Агенцијата за млади и спорт и Фондот за иновации и технолошки развој
(ФИТР).

Просечната плата порасна за 2.297 денари во овие две години, за разлика
од растот од само 821 денари во времето на претходната Влада

Во периодот од јули 2013 – јуни 2015, во Северна Македонија просечната нето-
плата пораснала за 821 денари.
Во периодот од јули 2015 – јуни 2017, во Северна Македонија просечната нето-
плата пораснала за 842 денари.
Во периодот од јули 2017 – јуни 2019, во Северна Македонија просечната нето-
плата пораснала за 2.297 денари.

Спиралата за раст на платите, започна во август 2017 година со првото
покачување на минималната плата на 12.000 денари.
Сега, во ноември 2019 година, следуваше и дополнително покачување на
минималната плата на 14.500 денари. Владата започна и мерка за
субвенционирање на придонесите за работодавците кои ќе ги покачат платите
на своите вработени до 100 евра.

Наставниците на почетокот на 2020 година ќе добијат ново покачување на
платите. Лекарите и медицинските сестри веќе добија сериозно покачување.
Еден лекар специјалист ќе зема и до 100.000 денари плата. Припадниците на
Армијата земаат поголема плата, како и полицијата и пожарникарите.

Цената на струјата е пониска и стабилизирана, во време на претходната
влада порасна за 100%

Северна Македонија беше прогласена за „регионален шампион“ за реформи во
енергетиката, од Енергетската заедница.
Преку новиот Закон за енергетика и со силните инвестиции во обновливи
извори на енергија и гасификација, Владата го стабилизираше вртоглавиот
раст на цената на струјата. Денеска, граѓаните плаќаат пониска просечна цена
за киловат/час.

Дополнително, ЕСМ своите годишни профити, преку општествено одговорно
работење, ги насочува назад кон граѓаните и издвои 40 милиони евра за
субвенција на инвертер клими и 24 милиони евра за филтри во Битола.

Во периодот од јули 2013 – јуни 2015, потпишани се 7 договори за поддршка за
градба на фабрики, а отворени се 6 фабрики.
Во периодот од јули 2015 – јуни 2017, потпишани се 9 договори за поддршка за
градба на фабрики, а отворени се 7 фабрики.
Во периодот од јули 2017 – јуни 2019, потпишани се 22 договори за поддршка
за градба на фабрики, а отворени се 12 фабрики.
За 2 години, Владата потпиша 34 нови договори за странски и домашни
инвестиции. Од нив, 12 фабрики се изградени, а 22 фабрики се во процесот на
изградба.

Растат странските инвестиции

Во периодот од јули 2013 – јуни 2015, има 457 милиони евра странски директни
инвестиции.
Во периодот од јули 2015 – јуни 2017, има 555 милиони евра странски директни
инвестиции.
Во периодот од јули 2017 – јуни 2019, има 741 милиони евра странски директни
инвестиции.

Покрај зголемувањето на домашните инвестиции, Владата се посвети и на
зголемување на странските директни инвестиции во Северна Македонија.
За две години, во Северна Македонија се инвестираа 741 милиони евра. За ова
се одговорни два фактори: (1) Надминувањето на политичката криза и
започнување со работа на нашата одговорна и транспарентна влада и (2)
решавањето на сите наши билатерални спорови со соседите и откочувањето
на евро-атлантските интеграции. Фокусот на економијата, заедно со членството
во НАТО ќе донесе уште повеќе странски инвестиции.
Денес, на Северна Македонија се гледа како на безбедна и заштитена земја,
мозаик од можности, со Влада која е тука да помогне да се отвори бизнис и да
се инвестира.

Раст на индустриското производство

Во периодот од јули 2013 – јуни 2015, има пад од -5,86% на индустриското
производство.

Во периодот од јули 2015 – јуни 2017, има зголемување од 3,29% на
индустриското производство.
Во периодот од јули 2017 – јуни 2019, има зголемување на 8,87% на
индустриското производство.

Извозот се зголемува

Во периодот од јули 2013 – јуни 2015, остварен е извоз од 7,4 милијарди евра.
Во периодот од јули 2015 – јуни 2017, остварен е извоз од 8,9 милијарди евра.
Во периодот од јули 2017 – јуни 2019, остварен е извоз од 11,6 милијарди евра.
Со решавањето на сите отворени билатерални прашања кои ги имаше
државата, покажавме дека сме стабилна и безбедна земја. Тоа што е важно да
се напомене е дека растот на извозот, придонесува и до слевање на повеќе
средства во Буџетот на државата.

Тоа значи повеќе средства за инвестирање назад во човечкиот капитал за
следната година.

Резултатите на Владата во овие две години се видливи и опипливи. Владата ќе
продолжи да инвестира во силна и стабилна економија, а со тоа и во
инвестирање во човечкиот капитал – во граѓаните!

Државата и Владата постојат за граѓаните и наша задача е да враќаме назад
кон граѓаните, стои во соопштението на Владата.