Рускоска: Ќе покренам финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во куќен притвор


Фото: Б. Грданоски

Обвинителката Вилма Рускоска најави дека ќе покрене финансиска истрага за судиите кои донесоа одлука за куќен притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

– Не знам кои се судиите. Чекам да го добијам решението, но ќе покренам финансиска истрага, изјави Рускоска за МИА.

Јанева вчера попладне ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор откако скопскиот Апелациски суд донесе одлука со која ја уважи жалбата на Јанева и и одреди мерка куќен притвор.

Јанева беше уапсена како осомничена за случајот „Рекет“ на 21 август по што судот и одреди мерка притвор. На 3 декември е закажано првото судско рочиште за случајот „Рекет“.