Франција го ратификуваше протоколот за НАТО


Францускиот парламент денеска го ратификуваше Протоколот за НАТО, објави на својот твитер профил македонската министерка за правда, Радмила Шеќеринска.

„Франција ратификуваше. Ни остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО!“ напиша Шекеринска.

Останува Протоколот да се ратификува уште во парламентот во Шпанија, каде постапката се пролонгира поради парламентарните избори во земјата.

За земјава да стане членка документот треба да биде усвоен и во македонското собрание.