Заев: Мијалков и тоа како е виновен, но лошотијата, злобата доаѓа од конзументот


Премиерот Зоран Заев денеска по сведочењето во Основниот кривичен суд во Скопје за незаконското следење на комуникациите во случајот „Таргет – Тврдина“ изјави дека нема ништо спорно во сведочењето на Зоран Верушевски. Тој со него е во секојдневна комуникација како негов советник за национална безбедност. Вели, Сашо Мијалков и тоа како е виновен за прислушувањето, …

Заев: Мијалков и тоа како е виновен, но лошотијата, злобата доаѓа од конзументот Read More »

Заев сведочи дека најприслушувани биле тој и Црвенковски


Премиерот Зоран Заев попладнево во Основниот кривичен суд во Скопје сведочи на судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет Тврдина“. – Како претседател на СДСМ, Зоран Верушевски ме информираше дека партијата располага со документи и материјали од типот на незаконско следење на комуникациите, кажа Заев на денешното рочиште. Одговарајќи на прашање од обвинителството, кога дознал …

Заев сведочи дека најприслушувани биле тој и Црвенковски Read More »

ДУИ пред пораз ако се обедини албанската опозиција


Албанските опозициски партии се обединат во предизборна коалиција, ќе следуваат тектонски промени во албанскиот политички блок, односно сигурна детронизација на ДУИ која во своето 17-годишно постоење 15 години е станар на „Илинденска“, сметаат аналитичарите. Засега никој не е убеден во реализација на едно такво „братско сценарио“ меѓу Алијансата за Албанците и Беса, кое би ја …

ДУИ пред пораз ако се обедини албанската опозиција Read More »

Јавните пари се трошат без контроли


Најавите дека до крајот на неделата ќе биде избран новиот главен државен ревизор нема да се остварат. Партиите и натаму не можат да дојдат до компромисно име, а за тоа време Државниот завод за ревизија (ДЗР) е целосно закочен. Ревизорите не можат да излезат во контрола на државните институции, не можат да ги извршат основните …

Јавните пари се трошат без контроли Read More »

Тимоние: Се создаде впечаток дека Преспа е единствениот услов, на прашањето ќе се навратиме во Загреб


Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска на прес-конференцијата што ја закажа со цел да одговори на сите прашања на новинарите по француското „не“ за одлука за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, истакна дека ги пренел во Париз на француските власти силните емоции и разочараноста која се чувствува во земјава по Самитот на ЕУ …

Тимоние: Се создаде впечаток дека Преспа е единствениот услов, на прашањето ќе се навратиме во Загреб Read More »

Прво зачленување во НАТО, па распуштање на парламентот


Премиерот Зоран Заев пресметал дека заокружувањето на процедурата за официјално членство на Северна Македонија во НАТО нема да се наметне како причина за можно пролонгирање на изборниот термин, што партиските лидери го договорија за 12 април следната година. Проценките на Заев се дека Шпанија ќе стигне во текот на декември да го ратификува протоколот за …

Прво зачленување во НАТО, па распуштање на парламентот Read More »

Законот за јазици чека (предизборна) пресуда и од Уставен суд


Договорен по последните парламентарни изборите во 2016 година, Законот за употреба на јазиците повторно крева прашина и во владејачката коалиција и во политичко-правните кругови во земјава пред новите предвремени парламентарни избори, во април следната година. На почетокот на следниот месец, според најави од Уставниот суд, Законот кој беше дел од преткоалицискиот договор меѓу СДСМ и …

Законот за јазици чека (предизборна) пресуда и од Уставен суд Read More »

ЕП ќе гласа за Резолуција за почеток на преговорите со Скопје и Тирана


Европскиот Парламент во заедничката резолуција за која ќе се гласа денеска напладне, ги повикува земјите-членки на ЕУ и нивните лидери да покажат одговорност кон Северна Макеоднија и Албанија и едногласно да донесат позитивна одлука за започнување преговори на нивната следна средба, имајќи ги предвид можните последици, јавува дописникот на МИА. Заедничката резолуција на политичките групи на Европскиот парламент-  Групата …

ЕП ќе гласа за Резолуција за почеток на преговорите со Скопје и Тирана Read More »

Судиите го разгневиле Заев: Ова е дрско и безобразно


Исто како и пред изборите, пред да дојде на власт во 2016 година, кога најавуваше дека ќе го распушти судството, премиерот Зоран Заев и пред сегашните избори удри по судиите бидејќи не пресудиле за ниту еден предмет за кој токму тој како опозиционер ги објави индициите за криминал. Заев бил огорчен откако прочитал во медиумите …

Судиите го разгневиле Заев: Ова е дрско и безобразно Read More »

Герберих: Не заслужувате ништо помалку од полноправно членство во ЕУ


Германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих во врска со одлуката на Советот на ЕУ да не започне преговори со Северна Македонија, рече дека земјава е дел од Европа и не заслужува ништо помалку од целосно членство во Европската Унија. – Германија ќе продолжи да дава поддршка како што тоа секогаш сме го правеле. Ве молам …

Герберих: Не заслужувате ништо помалку од полноправно членство во ЕУ Read More »

Заев: Јас ќе ја водам кампањата и ќе бидам кандидат за премиер


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека на претстојните парламентарни избори во април следната година повторно ќе биде кандидат за премерското место. -Јас ќе ја водам кампањата, јас ќе бидам кандидат за премиер, но за тоа ќе треба да одлучат органите на партијата и коалицијата. Јас сум радосен што ќе и се посветам на партијата. Ќе …

Заев: Јас ќе ја водам кампањата и ќе бидам кандидат за премиер Read More »

Заев: Најавата за вонредна резолуција на ЕП ќе ја врати мотивацијата да продолжи по европскиот пат


Премиерот Зоран Заев смета дека најавата за вонредна резолуција на Европскиот парламент со која повторно ќе се побара отворање на пристапните преговори за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ ќе биде од помош и ја врати мотивацијата кај нашиот народ да продолжи по европскиот пат. – Намерата на ЕП е од помош, нешто …

Заев: Најавата за вонредна резолуција на ЕП ќе ја врати мотивацијата да продолжи по европскиот пат Read More »

Спасовски: По утврдените рокови ќе се знае кој ќе ја предводи техничката влада


Во овој момент сосема е неважно кој ќе ја предводи техничката влада, туку е важно што ќе се случува до 31 декември во однос на подобрувањето на животот на граѓаните, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарското прашање при денешната посета на македонско-бугарскиот граничен премин „Делчево – Лисичково“. Тој посочи дека и …

Спасовски: По утврдените рокови ќе се знае кој ќе ја предводи техничката влада Read More »

Захариева: Историска грешка е непочнувањето на преговори на Северна Македонија со ЕУ


Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева смета дека одлуката за стопирање на планираниот почеток за претпристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија е груба историска грешка. – Бугарија кажа едно големо „да“ за започнување на преговорите, изјави Захариева, додавајќи дека Северна Македонија заслужува да ги започне преговорите за членство со Унијата. …

Захариева: Историска грешка е непочнувањето на преговори на Северна Македонија со ЕУ Read More »

Вучиќ: Одлуката на ЕУ за Северна Македонија е потврда за нашите блиски врски со Русија и Кина


Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека одбивањето на ЕУ за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија и покрај нивните реформските напори, е потврда на неговата политика за зајакнување на блиски врски со Кина и Русија. – Мораме сами за себе да се грижиме, тоа е единствен начин, тоа е единствен пристап. Сè …

Вучиќ: Одлуката на ЕУ за Северна Македонија е потврда за нашите блиски врски со Русија и Кина Read More »

Европарламентот со вонредна резолуција за преговори со Македонија


Белгија – Европскиот Парламент денеска на дневен ред на пленарна седница треба да стави вонредна резолуција со која повторно ќе побара отворање на преговорите за членство со ЕУ за Македонија и Албанија. Европскиот Парламент веќе се изјасни дека Скопје и Тирана треба да ги започнат пристапните преговори со Унијата, а вонредната резолуција доаѓа откако ЕУ не …

Европарламентот со вонредна резолуција за преговори со Македонија Read More »

Даниела Рангелова: Ќе ме нема на пратеничката листа


Со стари и проверени кадри, но и со многу нови имиња на пратеничките листи, ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја добие довербата на граѓаните и да победи на предвремените парламентарни избори на 12 април в година. Во најголемата опозициска партија велат дека допрва ќе следуваат анкети на која ќе се мери рејтингот на потенцијалните пратеници, …

Даниела Рангелова: Ќе ме нема на пратеничката листа Read More »

Заев: Да бев на местото на Ременски, ќе се повлечев и ќе се вратев како херој


Оставката од општествената функција е личен чин. Ако бев јас на местото на пратеничката Фросина Ременски ќе се повлечев и ќе чекав да го докажам тоа и да се вратам на голема врата како херој, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за Телевизија 24. Прашан зошто не побарал оставка од Ременски од пратеничката функција, Заев …

Заев: Да бев на местото на Ременски, ќе се повлечев и ќе се вратев како херој Read More »

САД се 25. земја што го ратификува Протоколот за членство во НАТО


Сенатот на САД попладнево го изгласа Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Протоколот беше изгласан со 91 глас „за“ и 2 „против“. Со тоа, САД се 25. земја што го ратификувала Протоколот. Претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук им се заблагодари на САД. -Благодарност до САД за ратификацијата на Протоколот за нашето членство во #НАТО …

САД се 25. земја што го ратификува Протоколот за членство во НАТО Read More »