САД се 25. земја што го ратификува Протоколот за членство во НАТО


Сенатот на САД попладнево го изгласа Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Протоколот беше изгласан со 91 глас „за“ и 2 „против“. Со тоа, САД се 25. земја што го ратификувала Протоколот.

Претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук им се заблагодари на САД.

-Благодарност до САД за ратификацијата на Протоколот за нашето членство во #НАТО во Сенатот. Стратешкото партнерство САД-Северна Македонија продолжува во Алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност. #WeAreNATO – напиша Пендаровски.

Сега остануваат уште четири земји да го ратификуваат Протоколот за Македонија и официјално да стане членка на НАТО.