ЕК нотира генерално поволна клима за слободата на медиумите и потпросечни плати за новинарите


Северна Македонија е умерено подготвена во сферата на слободата на изразувањето и генерално бележи лимитиран прогрес во однос на претходните препораки на Европската комисија. Генерално има поволна клима за слободата на медиумите и овозможено е критичко медиумско известување, иако беа забележани одредени тензии за време на минатогодишните локални избори. Економската неизвесност и натаму е предизвик …

ЕК нотира генерално поволна клима за слободата на медиумите и потпросечни плати за новинарите Read More »

Русија објави дека ќе го евакуира Херсон, украинските сили се доближуваат до градот


  Москва објави дека ќе го евакуира Херсон по апелот на шефот на регионот, инсталиран од Русија, што ги зголемува стравувањата дека окупираниот град во срцето на јужната украинска област ќе стане нова линија на фронтот. Марат Хуснулин, руски заменик-премиер, во четвртокот изјави за државната телевизија дека на жителите ќе им биде помогнато да се …

Русија објави дека ќе го евакуира Херсон, украинските сили се доближуваат до градот Read More »

Бугарија не стави вето, договорот со Фронтекс доби зелено светло во ЕУ


  Советот на ЕУ денеска ја усвои одлуката за потпишување на договорот за гранично управување меѓу ЕУ и Северна Македонија. Договорот за гранично управување, инаку познат како Фронтекс, беше блокиран од страна на Бугарија поради употребата на зборовите македонски јазик. Софија денеска дефинитивно го крена ветото, оставајќи ја формулата македонски јазик недопрена, како што е …

Бугарија не стави вето, договорот со Фронтекс доби зелено светло во ЕУ Read More »

Пристигнаа вакцините против сезонски грип, вакцинацијата почнува во текот на следната недела


Четириесет илјади вакцини против сезонски грип за ранливи групи население пристигнаа во земјава. Во тек се законските процедури во Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), со цел спроведување на вакцинацијата, што е предвидено да почне во текот на следната недела, соопшти Министерството за здравство. Станува збор, посочуваат од Министерството, за четиритипна вакцина против сезонски …

Пристигнаа вакцините против сезонски грип, вакцинацијата почнува во текот на следната недела Read More »

„Лидл“ одбрал локација за логистички центар во Кумановско, во Македонија веќе се вработени 80 лица


„Лидл“ веќе има идентификувано потенцијална локација за својот логистички центар, на земјиште кое е околу 200.000 м2 и се наоѓа во Општина Куманово. Инвестицијата само во логистичкиот центар е околу 80 милиони евра и вклучува намера да се обезбедат повеќе од 150 вработувања, соопштија денес од Владата по работнатга средба која премиерот Димитар Ковачевски и …

„Лидл“ одбрал локација за логистички центар во Кумановско, во Македонија веќе се вработени 80 лица Read More »

Маричиќ за бугарските клубови: Прашањето треба да се реши институционално, не со насилство


 Владата имаше реакција од повеќе официјални лица и таа реакција е јасна и недвосмислена дека не сметаме дека називите на овие клубови придонесуваат за добрососедските односи и ги сметаме за провокација, дека се контроверзни. Но мислам дека е многу подобро за нас како демократска држава, членка на НАТО, членка на СЕ, членка на ОБСЕ, кандидат …

Маричиќ за бугарските клубови: Прашањето треба да се реши институционално, не со насилство Read More »

Кои се клучните оценки во извештајот на ЕК за Македонија


Еврокомесарот Оливер Вархеи, во извештајот за напредокот на Македонија презентиран денес, ги посочи поларизацијата во парламентот, лошото изборно законодавство, недоволниот надзор над разузнувачките служби и слабиот прогрес во реформата на јавната администрација како клучни забелешки околу реформите во државата. Во него стои:  „Извештајниот период се карактеризираше со интензивни напори, што доведе до почеток на процесот …

Кои се клучните оценки во извештајот на ЕК за Македонија Read More »

Вархеи: ЕУ го отвори пазарот со електрична енергија за земјите од Западен Балкан


  Еврокомесарот Оливер Вархеи, претставувајќи ги годинашните извештаи за прогресот на земјите кандидати за членство, најави дека од идната година тие нема да бидат седум, туку десет, односно ќе ги вклучуваат и Украина, Грузија и Молдавија. Она што е поважно за нас, тој најави дека ЕУ решила да го отвори пазарот на електрична енергија за …

Вархеи: ЕУ го отвори пазарот со електрична енергија за земјите од Западен Балкан Read More »

„Форбс“: Маск разговарал со Путин пред да ги објави своите идеи за крај на војната во Украина


  Елон Маск, најбогатиот човек во светот, зборувал со рускиот претседател Владимир Путин пред да ги каже своите идеи за разрешување на војната во Украина, кои главно се поклопуваат со барањата на Путин, објави синоќа изданието Форбс. Магазинот го цитира Јан Бремер, основач на инвестицискиот фонд “Евроазија груп”, иако Маск веднаш ја демантираше веста. Според …

„Форбс“: Маск разговарал со Путин пред да ги објави своите идеи за крај на војната во Украина Read More »

Ковачевски: Да се биде на вистинската страна значи да се избере патот на мирот


  Да се биде на вистинската страна, значи да се избере патот на мирот и напредокот. Денес, повторно, нашата денешна битка е токму таква – да продолжиме по патот на  мирот и прогресот, без да дозволиме кој било, што било и било кога да ни го попречи овој пат, порача премиерот Димитар Ковачевски на централната …

Ковачевски: Да се биде на вистинската страна значи да се избере патот на мирот Read More »

Македонија ќе му пресуди на „Цар Борис Трети“ по германски закон


  Македонија ќе го користи германското искуство за да ги ограничи тенденциозните отворања на квази културни клубови на Бугарите во државата кои, според сите оценки, се класични политички провокации. Откако стана јасно дека нивниот број ќе се зголемува несразмерно на бројот на Бугарите во државата и дека може да предизвикаат инциденти кои ќе им наштетат …

Македонија ќе му пресуди на „Цар Борис Трети“ по германски закон Read More »

Ни во Стразбур не се знае кога ќе биде донесена пресудата за аболицијата на Иванов


  Во Стразбур сѐ уште нема фиксиран датум кога ќе биде објавена пресудата околу аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, која може да ги спаси од повеќе години затвор водечките функционери на ВМРО-ДПМНЕ ако биде прогласена за легитимна. Најавите беа дека пресудата ќе биде донесена есенва, а деновиве проструи и информација дека веќе се знае, …

Ни во Стразбур не се знае кога ќе биде донесена пресудата за аболицијата на Иванов Read More »

ММФ даде зелено светло за поддршка на Македонија со 530 милиони евра


  Македонија е на чекор да ја добие долгоочекуваната финансиска поддршка од Меѓународниот монетарен фонд. Како што соопшти Министерството за финансии, мисијата на ММФ „даде зелено светло за доделување 530 милиони евра на Република Северна Македонија преку Кредитната линија за претпазливост (The Precautionary and Liquidity Line – PLL) во рок од 24 месеци“. „Ова е …

ММФ даде зелено светло за поддршка на Македонија со 530 милиони евра Read More »

Како беше отстранета плочата на Борис Трети во Ерусалим


  Томе Блажевски, претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, при тензичното отворање на просториите на здружението, рече дека споменик на бугарскиот цар има и во Тел Авив, Израел. Сакајќи индиректно да нагласи дека улогата на Борис Трети во спасувањето на бугарските Евреи била признаена и во Израел. Но тоа не е вистина. …

Како беше отстранета плочата на Борис Трети во Ерусалим Read More »

Каде ќе се кратат платите, а каде треба да се зголемат приходите. Еве што вели премиерот Ковачевски


  Претпријатијата и институциите кои што креираат загуби, а кои што мора да се покриваат со пари од буџетот, ќе мора да направат рационализација на трошоците, вклучувајќи ги и оние за плати, особено онаму каде што тие се над просекот, изјави денес премиерот Димитар Ковачевски. Истовремено, треба да се зголемат и приходите, особено онаму каде …

Каде ќе се кратат платите, а каде треба да се зголемат приходите. Еве што вели премиерот Ковачевски Read More »

Русија ја нападна со ракети цела Украина, вклучително и Киев. Има многу мртви


  КИЕВ – Русија во понеделникот изврши смртоносен бран напади врз повеќе украински градови, разурнувајќи цивилни цели, вклучително и центарот на Киев, каде што загинаа најмалку осум лица. Интензивниот, повеќечасовен напад означи ненадејна воена ескалација од страна на Москва. Тоа се случи еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин ја нарече саботната експлозија на огромниот …

Русија ја нападна со ракети цела Украина, вклучително и Киев. Има многу мртви Read More »

Стагфлациската должничка криза е тука, предупредува Нуриел Рубини


  Постојат знаци дека должничката криза веќе почна да се обликува, а тешкото приземјување на економијата пред крајот на годината сега е основното сценарио, вели врвниот економист Нуриел Рубини. Рубини, кој го доби прекарот „Д-р Пропаст“ поради неговите песимистички ставови за пазарите и економијата, предупредува на претстојната должничка и инфлаторна криза околу една година. Претходно, …

Стагфлациската должничка криза е тука, предупредува Нуриел Рубини Read More »

Огромна експлозија уништи дел од мостот што ги поврзува Крим и Русија (Видео)


  Цистерна со гориво експлодира рано во саботата на најдолгиот мост во Европа, кој ја поврзува Русија со анектираната територија на Крим, според рускиот државен медиум РИА и снимките на социјалните мрежи. Сликите од мостот Керч објавени на социјалните мрежи се чини дека покажуваат оти дел од коловозот и железничкиот мост паднале во водите под …

Огромна експлозија уништи дел од мостот што ги поврзува Крим и Русија (Видео) Read More »

„Вашингтон пост“: Човек од кругот на Путин му приговорил дека прави грешки во Украина


  Еден од луѓето кои се блиски до Владимир Путин директно го изразил своето несогласување со рускиот претседател во однос на неговите постапки во врска со војната во Украина. За ова пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на податоци добиени од американското разузнавање. Според еден од изворите на весникот, приговорите изразени до Путин се однесуваат на …

„Вашингтон пост“: Човек од кругот на Путин му приговорил дека прави грешки во Украина Read More »

Инфлацијата не запира – во септември се искачи на 18,7 отсто


  Инфлацијата, која кај нас се искажува преку порастот на трошоците за живот, во септември се искачи на ново рекордно ниво од 18,7 отсто на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.  Tрошоците на животот во септември годинава во однос на септември лани се зголемени за 18,7 отсто, а индексот на цени …

Инфлацијата не запира – во септември се искачи на 18,7 отсто Read More »