Инфлацијата не запира – во септември се искачи на 18,7 отсто

Во однос на август годинава трошоците на животот пораснале за 1,6, а цените на мало забележале пад од 0,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика


 

Инфлацијата, која кај нас се искажува преку порастот на трошоците за живот, во септември се искачи на ново рекордно ниво од 18,7 отсто на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. 

Tрошоците на животот во септември годинава во однос на септември лани се зголемени за 18,7 отсто, а индексот на цени на мало за 14,7 проценти. Во однос на август годинава, пак, трошоците на животот пораснале за 1,6, а цените на мало забележале пад од 0,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај сирењето и урдата за 9,9 отсто, свежото и разладеното овошје за 6,3 отсто, млекото за 5,7 отсто, рибата и морските плодови за 3,5 отсто, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 3,1 отсто, пивото за 2,9 отсто, лебот и житата за 2,6 отсто, месото за 2,2 отсто, виното за 1,6 отсто, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,7 отсто, жестоките пијалаци за 0,6 отсто и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,2 отсто.

Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај цврстите горива за домаќинствата за 15,2 отсто, велосипедите за 9,1 отсто, мебелот и покуќнината за 6,9 отсто, фризерските салони и центрите за разубавување за 6,1 отсто, малите алатки и останатите додатоци за 6,0 отсто, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 5,9 отсто, теписите и другите подни покривки за 5,4 отсто, поправката на апаратите за домаќинствата за 4,2 отсто, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 3,9 отсто, течните горива за домаќинствата за 3,7 отсто, медицинските услуги за 3,3 отсто, производите за домаќинствата – нетрајни за 2,8 отсто, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 2,7 отсто.

Пораст е заблежан и кај рестораните, кафулињата и слично, другите апарати и производи за лична хигиена за 2,4 отсто, големите електрични апарати за домаќинствата, услугите за култура за 2,1 отсто, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 2,0 отсто, стоматолошките услуги, парамедицинските услуги за 1,9 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1,8 отсто, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето за 1,5 отсто, патниот патнички транспорт за 1,4 отсто, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 1,3 отсто, облеката, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 1,1 отсто, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, текстилот за домаќинствата, информатичката опрема за обработка на податоците, накитот, часовниците и рачните часовници, другите лични предмети за 1,0 отсто, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 0,9 отсто, фармацевтските производи за 0,7 отсто, другото образование за 0,6 отсто, терапевтските помагала и опремата, медиумите за снимање, домашните миленици и сродните производи за 0,5 отсто, другата облека и додатоците за облека за 0,4 отсто, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено, другите услуги, неспоменати на друго место за 0,3 отсто и високото образование за 0,2 отсто.

Намалување на трошоците на животот во септември 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 1,1 отсто и минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,6 отсто.

Во септември, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот има и кај воздухопловниот патнички транспорт за 34,0 отсто туристичките аранжмани за 13,2 отсто, гасот за домаќинствата за 4,4 отсто, услугите за сместување за 3,8 отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 2,9 отсто, електричните апарати за лична хигиена за 1,1 отсто, игрите, играчките и хобијата за 0,3 отсто и моторните возила за 0,2  отсто. (Н.В.)