ВМРО-ДПМНЕ ќе го слави роденденот на стадионот во Струмица, па после ќе има промени во владата


  Прво мора да се одбележи родендентот на ВМРО-ДПМНЕ, а дури потоа ќе следат разговорите за реконструкција на владата. Таков распоред на настаните најави денеска премиерот и лидер на владејачката партија, Христијан Мицкоски, за динамиката на политичките настани. ВМРО-ДПМНЕ роденденот ќе го слави на 17 јуни на стадионот во Струмица. За време на пуштањето во […]

Што значи богатството на Маск во реални услови: 60 пати поголемо од БДП на Македонија


Богатството на Илон Маск е повеќе од 60 пати поголемо од вкупниот годишен БДП на Македонија, покажува споредбата меѓу она што како вредност го поседува најбогатиот човек на светот и од петокот прв билионер на планетата и македонската економија во моментов. Неговата нето-вредност достигнува речиси 1,1 билион американски долари (илјада милијарди долари), додека номиналниот БДП […]

Мировниот договор меѓу Иран и Америка е на дофат


  Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран е во завршна фаза на договор по неколку рунди ревизии, а се базира на предлогот од 14 точки на Иран, објави иранската државна новинска агенција ИРНА. Можно е тој да биде потпишан веќе во недела. Иако засега нема официјална потврда од Вашингтон и Техеран, иранските медиуми во […]

За инфлацијата нека бере гајле Славески: Димитриеска-Кочоска вели дека тоа не е работа на Финансии


  Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска ја префрли топката за преземање мерки против растот на инфлацијата врз Народната банка на Македонија и делумно на Министерството за економија, a ја стави на страна институцијата која што ја раководи, Министерството за финансии во битката против загрижувачкиот пораст на трошоците за живот годинава. Таа во интервју за емисијата „Топ тема“ […]

За што, всушност, разговарале Сиљановска и Јотова во Софија?


  Неколку дена во македонската јавност се најавуваше средбата меѓу претседателките Гордана Сиљановска-Давкова и Илијана Јотова во Софија како можност за некаков пробив за излез од политичкиот ќор-сокак. Кабинетите на двете претседателки дадоа различни соопштенија за средбата, додека Сиљановска зборуваше за нешто сосем трето во изјавата за медиумите. Таа рече дека  уставните измени не се […]

Почнува најголемиот спортски спектакл, Светското првенство во фудбал


Светското првенство во фудбал, чии домаќини се САД, Канада и Мексико почнува денеска, а фудбалската треска ќе кулминира на 19 јули, кога ќе се одигра финалниот натпревар. Премиерниот меч е вечерва кога Мексико ќе се соочи со Јужна Африка во импозантната околина на стадионот Ацтека. Во текот на следниот месец, нормалниот ритам на секојдневниот живот […]

Пак гори на Блискиот Исток: Американците го нападнаа Иран, Техеран возвраќа


  Силни експлозии се слушаа на три клучни локации кај Ормускиот теснец. Иран најави дека ги преиспитува преговорите Иранските државни медиуми објавија дека силни експлозии се слушнале ноќеска на островот Кешм, во градот Бандар Абас и во округот Џаск, три стратешки важни локации долж Ормускиот теснец. Островот Кешм се смета за клучен дел од одбранбениот […]

Го нудеше на Емиратите, па на Американците. Мицкоски сега вели ќе „стиснеме заби“ и сами ќе го градиме „Чебрен“


  Владата е пред конечна одлука проектот „Чебрен“ да го гради државата, наместо како повеќето од претходните 14 обиди во изминатите децении, да се бара приватен партнер од странство. Како што изјави денес премиерот Христијан Мицкоски, тој самиот, а и во Владата и во државната ЕСМ сметаат дека треба да „стиснеме заби“ и самите да […]

Шокантна исповед на шефот на антикорупциската агенција на Унгарија: „Луѓето на Орбан украдоа 160 милијарди евра“


  Унгарската антикорупциска агенција разви модел на вештачка интелигенција за следење на пари за кои постои сомневање дека се проневерени за време на 16-годишното владеење на поранешниот премиер Виктор Орбан. „Создадовме најсовремена алатка за борба против корупцијата, користејќи вештачка интелигенција и машинско учење интегрирани во систем способен за следење на унгарските економски трансакции во реално […]

Новиот пакет санкции на ЕУ силно ќе ги погоди руските банки


  Европската унија во вторникот претстави нов пакет предложени санкции против Русија, насочени кон банкарскиот, енергетскиот и трговскиот сектор на земјата, во обид да ја ослабне нејзината економија. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека економијата на Русија „нагло забавува“ додека го презентираше 21-от пакет санкции на блокот, седум недели откако претседателот […]

Трамп 37 пати најави договор со Иран, но такво нешто уште не се случи


  Американскиот претседател Доналд Трамп најмалку 37 пати од крајот на март изјави дека договорот со Иран е неизбежен или дека Техеран очајно сака договор. И покрај повторените најави дека решението е само неколку дена или недели оддалечено, договорот сè уште не е материјализиран. Сепак, Трамп повторно предвиде „тотална победа“ во следните две недели синоќа, […]

Трамп побара од Иран и Израел „веднаш“ да престанат да се гаѓаат


  Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник побара и од Иран и од Израел „веднаш“ да ги прекинат воените напади еден врз друг. „Израел и Иран мора веднаш да престанат со ‘пукање’“, напиша Трамп на Truth Social. Во втор пост, тој додаде дека двете земји „бараат веднаш да склучат ПРЕКИН НА ОГНОТ“ и дека мировните […]

Брисел не дал преодна оценка за Законот за судски совет, сега повторно ќе се менува!


  „Ова е како од рубриката ‘Верувале или не’“, напиша пратеничката Моника Зајкова за достигнувањата на македонското Собрание, откако пратениците добиле предлог-закон со кој се менува штотуку усвоениот Закон за судскиот совет – кој е дел од Реформската агенда и за кој ЕК не ни исплати сретства, бидејќи не е според препораките на Брисел. „Кога […]

Годишната инфлација во мај 4,8 отсто, цените на мало поголеми за 5,6 проценти


Годишната инфлација во мај годинава мерена преку трошоците на живот, во однос истиот месе  лани, изнесува 4,8 отсто. На месечно ниво пак, односно мај во споредба со април годинава, инфлацијата изнесуваше 0,6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.  Најголемо влијание на годишната инфлација имале трошоците за транспорт кои на годишно ниво биле поголеми за 11 […]

Филипче од 32. Конгрес на СДСМ: Демократијата замира – скапотија за граѓаните и празен ПР од власта


Македонија се наоѓа пред историска можност за забрзување на европската интеграција, оценувајќи дека актуелната власт нема јасен план за напредок кон Европската Унија, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на 32. Конгрес на партијата и ја обвини за економски застој, слабеење на институциите и зголемена политичка контрола врз правосудството и медиумите. Тој повика на обединување […]

Филипче повика на обединување на прогресивните сили за да се победи „црната коалиција“ на Балканот


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната меѓународна конференција на која беше промовирана „Скопската иницијатива“, повика на обединување на прогресивните сили од регионот во заедничка борба против национализмот, популизмот, организираниот криминал и антиевропските политики. Во воведното обраќање Филипче порача дека регионот се соочува со сериозен предизвик од авторитарни, националистички и коруптивни структури, на кои прогресивните […]

Откако Николоски го „умре“, Мицкоски вели: Процесот на проширување е жив!


  Откако вицепремиерот Александар Николоски, еден ден пред доаѓањето на Антонио Кошта во Скопје,  порача дека ЕУ нѐ лаже дека ќе има проширување, премиерот Христијан Мицкоски денес од Тиват, по средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц утврди дека – процесот бил жив, а не умрен. Тој порача дека е исклучително задоволен од средбата што  ја […]

Го сака Макрон, не го сака францускиот предлог


  Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од денешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Тиват каде цврсто се држи за рака со францускиот лидер Емануел Макрон. „Пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон. Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме. Франција […]

Макрон: Сите се на страната на Црна Гора. Таа е пред целта


  Делегациите на земјите учеснички пристигнуваат во Тиват, Црна Гора, каде што денес се одржува самитот на Европската унија – Западен Балкан. Пристигнувањето на делегациите се одвива според протоколот, пред почетокот на работниот дел од самитот. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека лидерите на Европската унија се во Тиват за да ја поддржат Црна Гора […]

Нема пари за тутунарите, државата бара да се стрпат


  БИТОЛА – Расте револтот на тутунопроизводителите по веста дека и оваа недела нема да им да бидат исплатени парите за субвенциите за реколтата 2025-2026. Парите им се ветуваа од април, па во мај и само добиваат пораки да се стрпат, а денеска кога изминува првата недела од јуни, им пропадна надежта дека субвенциите ќе […]