Мицкоски ја спушта топката со маркетите. Се откажа од заканите, најавува средби


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја спушти топката во однос на вчерашните закани кои ги упати кон маркетите, дека нема да прифаќа оправдувања и изговори за цените на прехранбените производи, и најави дека во наредниот период ќе има средби со добавувачите и производителите за да се постигне целта – инфлацијата во делот на прехраната да […]

Украина удира силно со дронови во Москва, но Русија ги празни градовите во Донецк со страшна тактика


  Надија Трофимчук, 79, целиот свој живот го поминала во источниот украински град Слoвјанск и и покрај тоа што војната во Донбас трае повеќе од една деценија, таа никогаш сериозно не размислувала да замине. Слoвјанск бил нејзин дом, градот каде што пораснала, работела, одгледала семејство и уживала во периоди на мир меѓу брановите на конфликти. […]

Се затвораат училишта – нема ученици, наставници ќе се пензионираат


  Деновиве почнуваат серија средби и работилници на Министерството за образование, општините и училиштата, на кои ќе бидат образложени плановите за оптимизација на училишната мрежа. Тоа ќе значи практична реализација на планот на кој, според министерката за образование, Весна Јаневска, заедно со УНИЦЕФ и Светска банка е работено две години. Што тоа практично значи? Драстичното […]

Стармер поднесе оставка, Бернам го чека крунисувањето за премиер


  Две години по големата изборна победа британскиот премиер Кир Стармер денеска поднесе оставка осрамотен поради драматично големата непопуларност во земјата и неколкуте големи изборни порази на локалните избори. Во емотивно обраќање пред Даунинг стрит 10, на кое не му недостасуваа и солзи, Старемр рече дека ќе се повлече од функцијата лидер на Лабуристите и […]

Екстремен топлотен бран во Европа, температури до 45° Ц. И тоа е само почеток


  Западна Европа е погодена од жесток топлотен бран за кој се очекува да ги сруши температурните рекорди. Половина од Франција е под црвена тревога, железничките услуги во Белгија се прекинати, а спортските настани во Шпанија и Германија се откажани или одложени. Француските власти во понеделник издадоа највисока црвена тревога за 49 од 96 континентални […]

Лошо почнаа, но разговорите меѓу Иран и САД завршија со „прогрес“


  Министерот за надворешни работи на Иран прогласи „напредок“ откако првиот ден од разговорите меѓу високи функционери од Вашингтон и Техеран заврши во Швајцарија, и покрај напнатиот почеток обележан со заканите на Доналд Трамп за повторно започнување на нападите. Во заедничка изјава од медијаторите Катар и Пакистан се вели дека САД и Иран се согласиле […]

Филипче за нови избори: Гласање ќе има кога на владата ќе ѝ снема пари


  Опозициската СДСМ нема да го „предизвикува“ ВМРО-ДПМНЕ за да се оди на предвремени избори и нема да му дава алиби на премиерот за можната намера да се оди на гласање. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција рече дека изјавите на премиерот Христијан Мицкоски на оваа тема се контрадикторни – најавува дека тие […]

Европа под вршник: Високите температури го направија животот пекол


Голем топлотен бран што го зафати поголемиот дел од Европа ги вознемири службениците и службите во Франција и Германија и им донесе проблеми на туристите и жителите во Италија, бидејќи температурите се искачија на рекордно високи нивоа. Францускиот премиер Себастијан Лекорну треба да одржи денес итен состанок  откако националната метеоролошка агенција Метео Франс предупреди дека […]

Поддршката за ЕУ во Македонија е 60 отсто: Анкета на Европската комисија


  Поддршката за ЕУ во Македонија останува висока – повеќе од 60 отсто од испитаниците се изјасниле дека се за пристапување на земјата во Европската унија – покажуваат резултатите од најновите анкети за перцепција за проширувањето меѓу граѓаните во Западен Балкан, Источното соседство и Турција што денеска ги објави Европската комисија. „Во земјите-кандидати и потенцијалните […]

Разговорите се „чувствителни“: Владата за најавената реконструкција


  Многумесечната најава на премиерот Христијан Мицкоски дека во јуни, на половина од мандатот, ќе има реконструкција на Владата, веројатно ќе се остварат. За денеска и утре се предвидени средби со ЗНАМ и Вреди. Од Владата соопштуваат дека работата била „чувствителна“ и во рана фаза и затоа засега немаат што да соопштуваат. „Со оглед на […]

„Цел Либан мора да гори“: Израелска мина во американско-иранското примирје


  Швајцарија соопшти дека разговорите на САД со иранските преговарачи за договор за прекин на конфликтот на Блискиот Исток нема да се одржат во петок, додека потпретседателот Џ.Д. Венс се откажа од плановите за патување таму, поттикнувајќи ја неизвесноста дали може да се најде трајно примирје. „Логистиката на овие преговори никогаш не била едноставна или […]

(Галерија и видео) Најголем украински напад на Москва од почетокот на војната


  Украински дронови погодија неколку локации низ Москва во најголемиот воздушен напад на Киев врз градот од почетокот на целосната инвазија на Русија, запалувајќи голема рафинерија за нафта и принудувајќи евакуации на најголемиот аеродром во земјата. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, го опиша нападот како одговор на рускиот напад врз историскиот манастирски комплекс во Киев претходно […]

Македонија напредува, но кон што? Мицкоски исцрта црвени линии за ЕУ


Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер на македонската влада, Христијан Мицкоски вечерва во Струмица на одбележувањето на 36-тиот роденден на партијата порача дека Македонија забрзува и дека се движи напред, нагласувајќи дека местото на нашата земја е во Европската Унија, но не по цена на отстапки поврзани со националниот идентитет. Во опсежниот говор Мицкоски се […]

Македонија заостанува, реформите се недоволни: Што стои во извештајот на ЕП


  Вицепремиерот и министер за европски прашања, Беким Сали, е задоволен расправата во Европскиот парламент за Извештајот за Македонија, оценувајќи дека пораките упатени од европратениците претставуваат силна потврда за европската перспектива на државата и дополнителен поттик за продолжување на реформскиот процес. Сали е задоволен од расправата, но не кажува дали е задоволен од она што […]

Блумберг го објави договорот меѓу Америка и Иран во 14 точки. Тоа е голем триумф на Техеран


  Влијателната агенција Блумберг го објави попладнево целосниот нацрт на договорот меѓу САД и Иран, со што овој документ повеќе не е само неофицијално „испитување на теренот“. Текстот од 14 точки што го објави Блумберг е целосно, збор по збор, идентичен со нацртот што вчера ексклузивно го објави арапската телевизија Ал Арабија. Оваа потврда од […]

Вториот протокол остана и во годинашниов извештај на Европскиот парламент


  Европратениците го одобрија извештајот за напредокот на Македонија за 2025 година на денешната пленарна седница во Стразбур. Резолуцијата беше поддржана од 411 европратеници, додека 120 гласаа „против“. Гласањето се одржа по жестока дебата за текстовите поврзани со спроведувањето на обврските на Македонија според преговарачката рамка со ЕУ. Амандманот 3, предложен од известувачот Томас Вајц, […]

Трамп: „Имав многу добра средба со Зеленски. Премногу се гине во војната“


  Американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со новинарите на самитот на Г7 во Евијан, Франција, изјави дека имал „многу добра средба“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава и дека ќе се сретне повторно денеска попладне. „Видете, Русија треба да склучи договор. Русија изгуби огромен број луѓе, а истото и Украина. Минатиот месец, тие изгубија […]

Народна банка ја зголеми основната камата за 0,25 процентни поени. Што ќе значи тоа за кредитите


  Народната банка на Македонија ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 4 на 4,25 отсто, што е резултат на зголемените инфлациски притисоци. Ова е и сигнал до деловните банки да реагираат и во својата каматна политика, но дали тоа ќе се случи и кога, ќе зависи од процената на секоја […]

Какви отстапки направи Киев кон Будимпешта за унгарското малцинство во Украина


  Европската унија денеска ќе го помести во следната фаза обидот на Украина за членство по долго одложување. Заедно со Украина министрите за надворешни работи на ЕУ ќе дадат зелено светло за почеток на преговорите по кластери со Молдавија. А се очекува да бидат привремено затворени уште две поглавја во преговорите со Црна Гора. Напредокот […]

Мицкоски ја обвини опозицијата за напредувањето на Украина и Молдавија кон ЕУ


  Не е тоа заслуга на владите на Украина и Молдавија што денеска го отвораат првиот кластер во преговорите со ЕУ, туку тоа било поради тоа што опозицијата во тие земји не работела против интересите на државата. Така денеска премиерот Христијан Мицкоски го релативизираше фактот дека Македонија останува поместена на уште еден перон настрана на […]