Запишувањето на факултет никако целосно да се дигитализира – студентите, на пеколни температури, со часови пред студентски прашања
Универзитетите ги отворија вратите за новата генерација студенти, кои денеска, на температури близу 40 степени, повторно со часови стоеја пред факултетите за да ги поднесат документите за упис.
Студентските организации и постојано бараат промени во правилниците за целосно укинување на хартиените документи и воведување електронски индекси. Но, се уште, по дигиталната пријава, прелиминираните ранглисти, сепак треба да направат пријавувањ во студентска служба со оригинали што е задолжително; а бројот од е-пријавата се внесува и таму.
Кога ќе биде примен студентот, при запишување носи: индекс, студентска легитимација, пријавни листови, 3 фотографии (2× димензии 3,5×4,5 и 1× 2×3) и уплата за студентски сервиси (ИКСА — 750 ден.), според упатството на УКИМ.
На првиот рок за пријавување кандидати за студии во академската 2026/2027 година, денеска и утре, а на 23-те факултети на УКИМ има вкупно 8.851 слободно место. Од нив, 4.395 места се наменети за редовни студенти во државна квота, 3.621 место за редовни студенти кои кофинансираат, додека 835 места се за вонредни студенти.
Најголем број кандидати ќе можат да конкурираат на медицинските, техничките и општествените науки. Медицинскиот факултет има 950 места, Филолошкиот 805, ФИНКИ 800, Економскиот 655, Филозофскиот 635, Природно-математичкиот 626, ФЕИТ и Машинскиот факултет по 600, додека на Правниот факултет има 555 места.
На УКЛО за додипломските студии има места за 2.115 нови студенти. Од нив 1.074 се во државна квота, останатите 612 и 429 се наменети за кофинансирање и вонредни студии. Уписите во првиот рок се предвидени и на 19, 20 и 21 август.
На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (УГД) уписите за првиот циклус почнуваат в среда 19 август, а ќе се одвиваат и во наредните два дена. Според конкурсот, годинава се предвидени вкупно 3.341 слободно место, од кои 1.629 се во државна квота, 972 за студенти со кофинансирање и 735 за вонредни студенти.

Уписите на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) ќе се одржат од 24 до 28 август. На универзитетот се предвидени места за вкупно 3.164 бруцоши од кои 1.697 редовни студенти, 987 редови со кофинансирање и 480 вонредни.
На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје уписите се од 24 до 26 август. Квотата на универзитетот изнесува вкупно 1.360 студенти од кои 945 редовни, 235 со кофинансирање и 180 вонредни.
На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид уписите се од 25 до 27 август.
Студентите во државната квота ќе плаќаат надомест од 200 евра во денарска противвредност, додека за студентите во квотата за кофинансирање и за вонредните студенти школарината изнесува 400 евра.
Конечната ранг-листа од првиот уписен рок ќе биде објавена на 27 август, а запишувањето на примените кандидати ќе се врши на 3 и 4 септември. Вториот рок е предвиден за 10 и 11 септември, а третиот рок ќе се одржи на 23 септември, на факултетите каде што ќе останат слободни места.
Пред пријавувањето, кандидатите треба да се регистрираат на www.upisi.ukim.mk и да ја пополнат електронската пријава преку iKnow-системот. Бројот што автоматски ќе го добијат при електронското пријавување треба да биде внесен и во пријавата што се поднесува на избраниот факултет. Конкурсот ги содржи и условите за упис, потребната документација, критериумите за селекција и начинот на пресметување на бодовите од општиот успех и од државната, стручната или уметничката матура.
Објавена е и листата на екстерни и интерни предмети од државната матура кои се соодветни за пријавување на различните студиски програми на УКИМ.
Оваа година, на сите универзитети соодветно се намалени квотите за упис на студенти во прва година бидејќи пазарот на труд е заситен со одредени струки и има невработени, за разлика од други струки каде што вработливоста е многу висока, па некаде се јавува и недостиг, појасни министерката Весна Јаневска во неколку интервјуа во медиумите деновиве, во пресрет на уписите. Годинава на сите универзитети има намалено околу 2000 места, но уверена е дека сите студенти ќе си го најдат своето место таму каде што сакаат да студираат.
– Повеќе намаливме во струките бизнис-администрација, јавна администрација, нешто на Економски, на Правен, бидејќи таму се појавува поголем број на невработени, во медицинските струки. За разлика од тоа, останаа речиси идентични техничките струки, информатиката, машинството, градежништвото, таму е вработливоста на одлично ниво и достигнува некаде до 98-99 проценти, изјави Јаневска.
Очекува дека на крајот на месецов да продолжи дискусијата за трите закони за високо образование и наука, кои во Собранието се блокирани од албанскиот опозициски блок, кој инсистира на Бадентеров принцип при нивното носење.

– Сметам дека ќе надвладее разумот и дека Собранието ќе собере сили да ги надмине политичките прашања, односно да не бидат овие три закони прашања со кои ќе се решава некое друго прашање. Особено затоа што ние, навистина, малку доцниме и немаме време да вметнуваме и да се расправаме политички за нешто што е толку многу значајно. Јас сум длабоко убедена дека ќе надвладее разумот затоа што тоа е во корист на сите млади од земјава, истакнува Јаневска.
Студентите, почетокот на оваа академска година, може да се надеваат на место во два реновиранистудентски дома – „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу. Сместувањето во „Стив“ ќе биде од 1 октомври и тој е влезен во конкурсот, а „Кузман“ ќе ги отвори вратите подоцна, веројатно од 1 ноември, и конкурсот ќе биде дополнително објавен.
Ќе следува втората и третата фаза од етапната реконструкција на студентските домови низ државата и за сите реновирани домови сместувањето ќе биде по нова цена. Сега тоа ќе важи само за домот „Стив Наумов“ каде што износот од сегашните 3.500 денари е зголемен на 6.600 денари./Б.Б.