Хемиска кастрација за сексуални престапници воведуваат Велика Британија и Италија – Македонија досега никого не кастрирала?
Хемиската кастрација за сексуални престапници, со акцент на педофилите, почнува да се воведува во неколку европски земји, а Македонија иако ја има предвидено оваа можност уште во 2014 година, сепак, нема јавно достапен податок за извршена кастрација, досега.
Шабана Махмуд, министерката за правда на Велика Британија, изјави дека пилот-проект за доброволна хемиска кастрација на сексуални престапници ќе се спроведе во два региона во југозападна Англија. Таа, исто така, ја разгледува можноста за воведување хемиска кастрација за сексуални престапници на национално ниво, како и дали мерката би можела да стане задолжителна. Таа рече дека ќе се погрижи ова да се случи.
Задолжителната хемиска кастрација не наидува на одобрување од лекарите
Британските психијатри и лекари се изјаснија за овој предлог, велејќи дека не веруваат дека британската влада ќе успее во овој план бидејќи принудувањето некого да се подложи на таков третман е неетички и дека повеќето колеги веројатно ќе се спротивстават. Тие, исто така, истакнуваат дека хормоналните лекови имаат доста сериозни несакани ефекти и дека некој би морал навистина да сака да го контролира својот сексуален нагон за да се согласи да ги зема овие лекови. Сепак, вклучувањето на хемиската кастрација како услов за условна слобода е нешто што би можело да се разгледа, велат тие.
Поранешниот лорд канцелар Дејвид Гаук тврдеше дека тоа не е решение за секој сексуален престапник бидејќи хемиската кастрација е третман за намалување на ризикот од повторен прекршок, но не и казна.
Италија исто така започнува со овој план
Италијанската премиерка Џорџија Мелони се залага за воведување на хемиска кастрација за силувачи и педофили. Откако ја објави минатата година, италијанскиот парламент неодамна одобри создавање комитет за изготвување закон што ќе овозможи доброволен и реверзибилен третман со хормони што го блокираат либидото во замена за намалена казна.
Предлогот предизвика жестоки дебати и во Италија – оние што се за овој предлог тврдат дека тој би можел да ја намали стапката на повторен прекршок, додека противниците – вклучувајќи ги опозициските партии, правните експерти и застапниците за човекови права – го нарекуваат „екстремен“, „нехуман“ и „потенцијално неуставен“.
Во некои земји, овој метод веќе постои
Хемиската кастрација се спроведува со земање лекови во комбинација со психијатриски третман и е наменета за сексуални престапници кои имаат компулсивни и наметливи сексуални мисли или проблематични сексуални опсесии.
Студија спроведена на крајот на март оваа година покажа дека 21% од возрасните затвореници во Велика Британија издржуваат затворски казни за сторени сексуални злосторства.
Исто така, постојат студии (иако ограничени) за хемиска кастрација, кои покажаа значително намалување на рецидивизмот, од кои една следеше десет сторители – ниту еден од нив не го повторил делото по третманот.
Методот веќе го користат Германија и Данска на доброволна основа, а Полска веќе воведе задолжително хемиско сузбивање за одредени сексуални сторители.
Македонија предвидува ваква казна уште од 2014 година