Кој има контрола врз Ормускиот теснец?


Борбата за контрола врз Ормускиот теснец стана клучна точка во војната во Иран. Во текот на изминатите неколку месеци, и Иран и САД тврдеа дека имаат предност, а нивната спротивставена реторика предизвика голема конфузија и сомнеж.

Во моментов, доказите се јасни: САД, кои патролираат низ теснецот со своите воени бродови, напредуваат – додека Иран губи голем дел од својата контрола врз овој клучен воден пат, пишува Си-Ен-Ен.

Повеќе од 80 проценти од транзитите на бродови низ Ормускиот теснец во изминатите две недели се одвиваа преку оманската рута, пишува овој медиум, бродски коридор одобрен од Обединетите нации, на што Иран остро се спротивставува, според Kpler, компанија која го следи движењето на бродовите користејќи транспондери и сателитски податоци.

Иран, кој тврди дека теснецот е под негова контрола, нападна десетици бродови кои се обидоа да се движат по водниот пат долж северниот брег на Оман. И покрај ризикот, повеќето бродови неодамна одлучија да ги игнорираат барањата на Иран и да поминат низ теснецот со ветување за поморска заштита од САД.

Ова е сосема спротивно на ситуацијата од пред еден месец, според Си Ен Ен, кога Kpler регистрираше речиси целосно отсуство на бродски сообраќај на оманската рута. Остриот пад на сообраќајот по преферираната рута на Иран го спречи Иран да наплаќа патарини за бродовите што минуваат низ теснецот, како што правеше во текот на пролетта.

Истекувањето на Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран оваа недела, теоретски, како што е наведено во текстот на овој медиум, му овозможува на Иран повторно да започне со наплата на патарини. Сепак, според податоците на Kpler, се чини дека земјата засега не била во можност да ги наплати.

САД, со значителна воена сила на море, ги следат сите бродови што минуваат низ теснецот и известуваат за многу поголем обем на нафтен сообраќај отколку што претходно укажуваа повеќето традиционални проценки.