Kaneo Beach на 2 август со Day Party со Just RB и Nikifor – премиерна live изведба на новата трака „In My Dreams“
На 2 август, Kaneo Beach во Охрид повторно ќе биде местото каде што музиката ќе се сретне со една од најубавите локации покрај Охридското Езеро. Овогодинешното издание на Day Party носи live концертен настап на Just RB и Nikifor, кои пред публиката премиерно ќе ја изведат својата најнова трака „In My Dreams“.
Настапот ќе биде можност посетителите, покрај новата музика, да слушнат и дел од авторските изданија на дуото, во формат што комбинира концертна енергија и електронски звук, создаден специјално за атмосферата на Kaneo Beach.
Во изминатиот период, Никифор и Just RB (Роберт Билбилов) остварија соработки со Alexandra Prince, Tom Novy, Derryl Smith, Mr. Mike и други, а нивниот албум „African Queen“, објавен за реномираната светска издавачка куќа Cafe De Anatolia, дополнително го потврди нивното присуство на меѓународната electronic и house сцена. Во нивната дискографија се издвојува и синглот „Sexy Body“, кој стана нивната најбарана трака на Shazam, а воедно беше и највртената трака на Antenna 5 Radio, дополнително привлекувајќи внимание кај домашната и странската публика.