Се омажи Ема Робертс, внуката на Џулија Робертс
Сан Вали -Глумците Ема Робертс и Коди Џон се венчаа во саботата во Сан Вали, Ајдахо. Церемонијата се одржа во присуство на блиски пријатели и семејство по четири години врска, објави Page Six.

Тетката на Ема, актерката Џулија Робертс, исто така беше присутна. Според изворите, церемонијата траела околу 45 минути на прилично висока температура од 35 степени Целзиусови. Page Six објави пред церемонијата дека двојката ќе се венча овој викенд на приватниот имот на Коди Џон, што беше потврдено од три извори.
Робертс, ќерка на холивудскиот актер Ерик Робертс и на Кели Канингам, носеше бела шифонска венчаница со висок шлиц и лента за глава, додека Џон избра црн смокинг. Актерката одеше по олтарот држејќи го својот син Роудс за рака.

Двојката ја објави својата свршувачка во јули 2024 година. Робертс потоа сподели фотографија на Инстаграм покажувајќи го својот веренички прстен додека го прегрнува Џон.
„Го објавувам ова пред мајка ми да им каже на сите“, напиша таа во описот на фотографијата.
Медиумите првпат ги поврзаа во август 2022 година, откако Џон објави нивна заедничка фотографија. Кратко потоа, E! News објави дека двојката „не брза со врска“ и дека ги запознале заеднички пријатели од филмската индустрија. „На Ема ѝ се допаѓа ликот на Коди. Тој е многу забавен и тие се забавуваат одлично заедно“, изјави извор за медиумите во тоа време.

Робертс има син, Роудс, роден во декември 2020 година, од тригодишна врска со актерот Гарет Хедлунд, која заврши кон крајот на 2021 година. Според извештаите, тој е причината зошто таа била претпазлива на почетокот на врската со Џон.

„Ема внимава кого ќе му го претстави на својот син, но знае дека тоа време ќе дојде“, објасни изворот во тоа време.