Јужните рути на Ормуската Теснина отворени за сите комерцијални пловила


Вашингтон – Јужните поморски рути низ Ормуската теснина остануваат слободни и отворени за сите комерцијални пловила што минуваат оттука, соопшти синоќа Централната команда на САД (Центком).

„Во последните три месеци, американските сили помогнаа повеќе од 1.000 пловила успешно да поминат низ протокот и покрај иранската агресија, а минувањата продолжија и денеска“, се наведува во соопштението на Центком.

Во одделно соопштение, Центком информира дека пренасочиле 45 пловила во рамките на „блокадата на Иран“ откако блокадата почна во средината на јули.