Јапонците се несреќни поради новите 10 празнични дена и не знаат што да прават со себе


За продолжен одмор сонуваат голем број вработени ширум светот, но не и во Јапонија. Имено, тие ќе имаат 10 слободни денови во периодот од 27 април до 6 мај, а по повод одбележувањето на абдикацијата на царот Акихито. Него на престолот ќе го замени неговиот најстариот син Нарухито, пишува „Гардијан“.

На толкавиот број слободни денови не се радуваат ни родителите вработени во услужниот сектор, бидејќи се загрижени што ќе биде со нивните деца додека тие работат. За време на 10-те дена празник на децата нема да им бидат на располагање вообичаените решенија: продолжен престој на училичште или градинка.

Додека поединци ќе се упатат на туристичко патување во странство, работниците кои се платени по час не се радуваат на толкавиот број неработни денови.

„Искрено, не знам како да го поминам времето сега кога изненадувачки добивме 10 дена празник“, вели Сеишу Сато, вработен во финансиска фирма.

„Ако сакате да патувате, секаде ќе биде полно, а пораснаа и туристичките цени. На крајот би можел да завршам кај родителите“, изјави Сато.

Неговите сомнежи ги поткрепија и локалниот весник „Асахи“ кои спроведоа анкета која покажа дека 45 проценти од анкетираните се чувствуваат „несреќно“ кога станува збор за долгиот одмор, додека 35 проценти се „среќни“.

Имено, во Јапонија просечно се користат 10 дена годишен одмор, што е половина од вкупниот број кој го имаат за годишен одмор.

Околу 60 проценти од Јапонците чувствуваат вина кога користат платен годишен одмор, а голем број велат дека тоа е поради шефовите кои не гледаат со одобрува на отсуството од работа.

Во понеделникот Јапонија усвои законски одредби со кои се ограничува работното време, поради зголемениот раст на смртни случаеви поради претерана работа („кароши“).

Без оглед на работната внимателност и посветеност, во Јапонија како и во другите земји недостасува работна сила, па поради тоа се променети имиграционите закони со цел од странство да можат да пристигнат 340.000 работници во следните пет години“, пишува „Гардијан“.