Иран пак го затвори Ормускиот теснец, Венс вели дека не е. Утре преговори во Швајцарија
Техеран – Иран објави дека го затвора Ормускиот теснец, клучниот морски премин во светот, како одговор на израелските напади во јужен Либан и наводното непочитување на првата точка од привремениот договор за прекин на огнот од страна на САД. Во исто време, додека борбите меѓу Израел и Хезболах продолжуваат, што го загрозува дипломатскиот процес, Вашингтон и Техеран испраќаат делегации во Швајцарија на преговори.
Венс изјави дека Ормускиот теснец е отворен, но не е јасно дали ја дал оваа изјава по објавата на Иран или пред објавата на Иран за затворањето.
Претходно оваа седмица бродовите почнаа повторно да пловат низ Ормус откако беше склучен привремениот договор меѓу САД и Иран.
Во денешните израелски напади врз јужен Либан загинаа најмалку 16 лица, само неколку часа по извештаите дека е постигнат договор за прекин на огнот.