Иднината на Федерер замаглена по операцијата


Објавата на Роже Федерер дека имал мала операција на десното колено која ќе го остави надвор од терените сѐ до Вимблдон го зафати денес како ураган тенискиот свет.

Откако неволно изврши операција за санирање на повредата на левото колено, кога го водел во бањата едно од своите деца во Мелбурн во 2016 година, тој сега има две колена кои поминале под нож.

Тој се врати по својата прва операција – и седум месеци надвор од терените – за да го освои Австралискиот опен во 2017 година, што е едно од најголемите спортски враќања. Сега нема такви гаранции дека може повторно да стори нешто такво.

Од времето кога Федерер ја објави веста на Твитер дека ќе пропушти четири главни турнири и Францускиот опен (без гаранција за настап на Вимблдон), неговата светска публика западна во пароксизми на тага, регистрирајќи повеќе од 10,000 „лајкови“ за половина еден час, иако немаше многу што да им се допаѓа во веста.

Нејзината загриженост – и таа на целата индустрија – е тоа што, на 38 години, Федерер ита кон последното поглавје од неговата извонредна приказна. Додека тој имаше повреди во минатото – иако малку сѐ додека не наполни 35 години, секако не толку како неговите најголеми современици – акумулацијата на проблеми во клучните области на неговото тело не поттикнуваат доверба во неговата средно-долгорочна иднина.

„Десното колено ме мачи едно одредено време “ рече тој. „Се надевав дека ќе помине, но по прегледот и дискусијата со мојот тим, решив вчера да направам артроскопска хирургија во Швајцарија. После постапката, лекарите потврдија дека тоа била вистинската работа што требало да се направи и дека се многу сигурни во целосното закрепнување. Како резултат, за жал, ќе морам да ги пропуштам Дубаи, Индијан Велс, Богота, Мајами и Францускиот опен“.

Последното чувство, барем, ја задржа надежта дека ќе продолжи да се бори. Поголемата трезвена реалност е дека, исто така, издржувајќи болки во грбот и неколку борби на највисоко ниво во текот на изминатата година, Федерер сигурно знае дека дополнување на неговиот рекорд од 20 гренд-слема има опаѓачка перспектива. Тој може да игра на Вимблдон; тој, исто така, може да биде и на Олимпијадата во Токио. Но, тоа нема да биде Федерер што го познававме повеќето од неговите 22 години на турот.

Неговите обожаватели се грижат помалку за тие бројки, отколку за визијата што ја прегрнуваат. Никој не игра тенис како Федерер, затоа што никој не може.

Кога 16-годишниот Шпанец Карлос Алкараз го победи својот 32-годишен сонародник, Алберт Рамос-Винолас (41. на светот), во првото коло во Рио оваа недела, тој изјави за Тенис ТВ: „Ми се допаѓа да играм многу агресивно со многу победници. Мојот стил е повеќе или помалку како оној на Федерер“.

Засега, Федерер е светски рекет бр.3. За речиси секој што ја сака играта, тој секогаш ќе биде бр 1. Тие сакаат уште едно чудо. (Гардијан)