Евакуирана железничката станица во Утрехт

Железничката станица во холандскиот град Утрехт е евакуирана вечерва поради „сомнителна ситуација во еден од возовите“, соопшти полицијата.

Според холандскиот портал „Телеграф“, сведоци на настанот известуваат дека се уапсени две лица, но полицијата се уште не ја потврдила таа информација.

Железничкиот сообраќај е целосно прекинат и целата станица во Утрехт е евакуирана.

Медиумите јавуваат дека полицијата, пожарникарите и брзата помош се на местото на настанот, а хеликоптер кружи над градот.

Во Утрехт се наоѓа најголемата железничка станица во Холандија и е многу прометна.