Естонија го доби првиот германски систем за ПВО, ИРИС-Т
Талин – Естонија вчера го доби својот прв систем за воздушна одбрана со среден дострел ИРИС-Т, произведен во Германија, соопшти естонската армија.
– Ова е важен ден за естонските вооружени сили и естонските воздухопловни сили. Тукушто го започнуваме нашето патување кон зајакнување на нашата воздушна одбрана и иако може да ни требаат месеци за да ја обезбедиме потребната обука за операторите и да го ставиме овој систем во функција, сè уште сме на работ на значаен квалитативен скок во нашите капацитети за воздушна одбрана, истакна командантот на естонските воздухопловни сили Рииво Валге.
Предвидено е на Естонија следната година да ѝ се достават уште два система ИРИС-Т.
– Војната во Украина јасно покажа дека силната воздушна одбрана е централна компонента на одбраната на земјата и е од суштинско значење за заштитата на нашиот народ, единиците на нашите вооружени сили и критичната инфраструктура, наведе естонскиот министер за одбрана Хано Певкур.