Џенифер Анистон ќе посвои девојче од Мексико
САД– Холивудската актерка Џенифер Анистон (52) ги израдувала своите долгогодишни пријателки и колеги со веста дека ќе стане мајка.
Оваа вест е ударна во светските медиуми. Според нив, Џенифер одлучила после два разводи да посвои девојче кое го запознала во сиропиталиште во Мексико, а самиот процес трае повеќе од една година. Актерката веќе со години го финансира ова сиропиталиште, а финализирање на процесот на посвојуавње се очекува во јуни оваа година..
-Судот знае дека актерката несака да прави од ова голем медиумски настан и сака ова да биде лична и интимна одлука, но убавата вест ја споделила со своите колеги, заклучува изворот кој го пренесуваат светските медиуми.
Анистон беше три години во брак со актерот Џастин Теру од кого се разведе во 2018. Актерката претходно беше пет години во брак со Бред Пит.