Демонстрации, судири со полицијата, запалено американско знаме кај Белата куќа


Неколку стотици луѓе се собраа недалеку од Белата куќа, на таканаречениот плоштад „Животот на црнците е важен“. Според наводите на енкои медиуми, дошло до судир со полицијата.

Се наведува дека едно лице е уапсено.

Британски „Сан“ пренесува дека полицијата се судрила со учесниците на протестот и со демонстрантите од организацијата Антифа пред Белата куќа, откако некои од нив рекле дека ќе останат тука со недели ако Доналд Трамп повторно биде избран за претседател на САД.

Пред затворање на избирачките места во Вашингтон, група демонстранти се судри со полицијата во близина на ткн. плоштад „Животот на црнците е важен“, а едно лице е уапсено.

Атмосферата, во време кога пристигнуваат резултатите од изборите, речиси е фестивалска, наведува АП и додава дека забележани се неколку метежи.

АП наведува дека недалеку од Белата куќа се собрале неколку стотини луѓе, кои носеле транспаренти и извикувале слогани за демократија.

На социјалните мрежи поставена е снимка на која се гледа како го палат американското знаме, во близина на Белата куќа во Вашингтон.