Делегација на талибанците по првпат од 2021 година на разговори со ЕУ во Брисел


 Делегација на талибанските власти во Авганистан се сретна со претставници на Европската комисија во Брисел, каде што започнаа разговори за конзуларни прашања, соопшти портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи.

Меѓу темите на разговорите биле можноста за обновување на конзуларните услуги за авганистанските државјани во Европската Унија, конзуларното присуство, како и „потребата од мерки за градење доверба“, изјави портпаролот Абдул Кахар Балхи.

Според него, средбата создала „надеж за воспоставување позитивна динамика за заштита на конзуларните права на Авганистанците кои живеат во странство“.

Ова е првпат Европската Унија да прими ваква делегација откако исламистичкото движење повторно ја презеде власта во Авганистан пред пет години.

Белгија вчера соопшти дека издала пет визи за претставниците на талибанските власти во Кабул за учество на состанок на ЕУ посветен на миграцијата во Брисел. Визите важеле само за денот на одржувањето на средбата – 23 јуни