„Целта беше Трамп, но претседателот беше бестрашен“, тврди Ливит
Портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит денеска го опиша нападот на гала вечерата во Вашингтон како обид за убиство на претседателот Доналд Трамп и високи претставници на неговата администрација.
Ливит на социјалната мрежа X објави дека вечерата во саботата „била киднапирана од изопачена луда личност која се обидела да го убие претседателот и да убие што е можно повеќе високи функционери од администрацијата на Трамп“.
Ливит, која исто така седеше на ВИП-просторот, рече дека била пренесена на безбедно со Трамп и првата дама Меланија.
„Претседателот Трамп беше навистина бестрашен, но како што рече синоќа, ова политичко насилство треба да заврши“, напиша Ливит.
Вооружениот напаѓач на гала вечерата во Вашингтон имал антихристијански ставови, изјави американскиот претседател Доналд Трамп за Фокс њуз.
„ Ако го прочитате неговиот манифест, тој ги мрази христијаните, тоа е сигурно“, рече Трамп, без да даде никакви дополнителни детали за документот.
Тој го опиша напаѓачот како „болен човек“. Членови на семејството дури и дале информации за антихристијанските ставови на безбедносните власти, рече Трамп.
На гала вечерата во Вашингтон со допосниците од Белата куќа, вооружен маж се проби низ контролен пункт и испука неколку куршуми пред да биде совладан од безбедносните сили. Трамп и другите гости беа евакуирани од салата
Мотивот на осомничениот се уште се утврдува од истражните органи, изјави државниот обвинител Тод Бланш. Врз основа на првичните наоди, истражителите претпоставуваат дека цел му биле Трамп и членовите на неговата администрација.