Британските модни награди во знакот на Вирџил Абло (галерија)
Ким Џонс беше прогласен за дизајнер на годината , а Хилфигер ја доби наградата за извонредно достигнување синоќа на гала доделувањето во Лондон
Англија– Дизајнерите и славните личности му оддадоа почит на Вирџил Абло, синоќа, на Британските модни награди во студениот Лондон , каде што починатата креативна сила на Луј Витон и Оф-Вајт беше одликувана како лидер на промените во индустријата.

Абло, синот на имигранти од Гана, роден во Америка, кој стана највлијателниот црномурест дизајнер во модната индустрија воопшто, почина во неделата по двегодишна битка со ретка форма на рак.

41-годишниот креатор кој работеше и како диџеј и визуелен уметник, беше уметнички директор за машка облека во луксузната етикета Луј Витон од март 2018 година.

„Гениј, … (тој) ќе им недостига неверојатно на сите“, рече ветеранот -дизајнер Томи Хилфигер на црвениот тепих. „Тој ги инспирираше дизајнерите, како и јавноста.

Дизајнерката и телевизиска личност Тан Франс го нарече Абло „неверојатен и визионер… (кој) ја направи најубавата работа“.

Абло, кој ја основаше етикетата Off-White, беше познат по мешањето на улична облека со врвни костуми и тоалети додека беше во Витон. Неговите влијанија вклучуваат графити и хип хоп.

Тој создаваше историја во Луј Витон како машки уметнички директор, па се до неочекувани партнерства со Мерцедес Бенц и уметникот Такаши Мураками.

Дизајнерот беше меѓу 15-те поединци и брендови прогласени за лидери на промените за нивните постапки во изминатата година помагајќи им на околината, луѓето и креативноста. Меѓу нив дизајнерот на Баленсијага Демна Гвасалија, креативниот директор на Гучи Алесандро Микеле и Ким Џонс, уметнички директор за женска облека и мода на Фенди, како и дизајнер на машка облека во Диор. Џонс беше прогласен и за дизајнер на годината на наградите.

Микеле ја доби и наградата „Трејлблејзер“, додека Хилфигер ја доби наградата за извонредно достигнување.

Били Портер имаше драматичен изглед на црвениот тепих на Модните награди 2021 година.

„Апсолутно сум благодарен, благодарен, понизен поради тоа, но среќен што сум тука и среќен што сè уште продолжувам со бизнисот“, рече Хилфигер (70).

Деми Мур, Пријанка Чопра Џонас и Дуа Липа беа меѓу славните гости кои присуствуваа на настанот, собирање средства за добротворни организации на Британскиот моден совет. (Си-Ен-Ен)







