Без струја делови од Ѓорче Петров и Чучер Сандево


Фото: Б. Грданоски

Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат делови од Ѓорче Петров и Чучер Сандево. 

Како што информираат од РЦУК, од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат објектите на Полициската Станица и базата на БППЗ во Ѓорче Петров, од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од населба Кисела Јабука во општина Ѓорче Петров.

Без напојување со електрична енергија од 09:00 до 16:00 часот ќе бидат корисниците од селата Побожје, Бродец, Танушевци, Брест и Малино во општина Чучер Сандево, а од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата „Кадињача“ во општина Ѓорче Петров.