„Луфтханза“ ги обновува летовите


„Луфтханза“ планира во јуни да ги обнови летовите во повеќе од 130 дестинации, обидувајќи се да реактивирате дел од авионите, приземјени поради пандемијата на коронавирусот, соопшти германската авиокомпанија. Сите членки на групата ќе изведуваат 1.800 летови неделно до крајот на јуни, соопшти раководството. Билетите се во продажба од вчера. Најавата за продолжување на летовите доаѓа …

„Луфтханза“ ги обновува летовите Read More »

Балтичките земји ги отворија меѓусебните граници


Литванија, Летонија и Естонија денеска на полноќ ги отворија своите меѓусебни граници, создавајќи го првиот „патнички меур“ во рамки на Европската унија во обид да ги активираат економиите, погодени од пандемијата на новиот коронавирус. Граѓаните од овие три балтички земји ќе можат слободно да патуваат во регионот, додека од патниците од трети земји ќе се …

Балтичките земји ги отворија меѓусебните граници Read More »

Борел: Потребна е независна истрага за потеклото на корона вирусот


Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел се заложи Унијата да спроведе независна истрага за потеклото на корона вирусот, што кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан. Борел, исто така, ја повика Кина да придонесе во борбата против пандемијата на корона вирусот. „Неопходна е независна научна …

Борел: Потребна е независна истрага за потеклото на корона вирусот Read More »

Советот за безбедност ќе расправа за продолжување на вонредната состојба


Вонредната состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 16 април истекува утре. Денеска треба да се одржи седница на Советот на безбедност на која ќе се разговара за евентуално продолжување на вонредната состојба, за што предлог треба да достави Владата. Министерот Венко Филипче вчера најави дека ќе биде побарано продолжување на вонредната состојба, но …

Советот за безбедност ќе расправа за продолжување на вонредната состојба Read More »

Европа има нови правила за државна помош – еве колку се разликуваат од времето на банкарската криза во 2008


ЕУ во петокот соопшти дека „компаниите кои веќе се соочувале со потешкотии на 31 декември 2019 година немаат право на помош“ Сега има построги услови за тоа како европските влади можат да обезбедат финансиска помош за компаниите кои се борат со тековната криза на корона вирусот. Европската унија усвои нови правила за државна помош на …

Европа има нови правила за државна помош – еве колку се разликуваат од времето на банкарската криза во 2008 Read More »

Управниот суд го врати предметот за рудникот „Иловица“ на повторно одлучување


За рудникот „Иловица“ повторно ќе се решава, одлучи денес Управниот суд кој на својата веб страна ја објави пресудата за рудникот против чија изградба се противат екологистите. – Поради покажаниот голем интерес на медиумите, а со цел објективно информирање на јавноста  во врска со поднесената тужба од тужителот Друштво за производство, промет и услуги „Еуромакс …

Управниот суд го врати предметот за рудникот „Иловица“ на повторно одлучување Read More »

Косово времено забрани увоз на јајца и живина од Македонија


Косовската Агенција за храна и ветеринарство денеска соопшти дека вчера донела одлука за привремена забрана за увоз на јајца и живина од земјава, поради сомнеж за појава на болеста Њукастел, односно птичја чума. Портпаролот на косовската Агенција, Љумир Тачи информира дека ваквата одлука е донесена по „најавата објавена на официјалната веб страница на Управата за …

Косово времено забрани увоз на јајца и живина од Македонија Read More »

Извозот на земјоделски производи помал за 16 милиони евра, увозот за 15 милиони


Пандемијата направи и пореметување на извозот и увозот на земјоделските производи. Последните податоци од крајот на април покажуваат дека во земјава има намален увоз на земјоделски производи за околу 15 милиони евра, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски при денешната посетата на Штип. -Но, исто така и извозот е намален некаде за …

Извозот на земјоделски производи помал за 16 милиони евра, увозот за 15 милиони Read More »

„Фиат Крајслер“ и „Пежо“ нема да делат дивиденда за 2019 година


Управните одбори на автомобилските компании „Фиат Крајслер Автомобили“ и „Пежо“ донесоа одлуки да не ја исплаќаат редовната дивиденда на своите акционери за 2019 година, поради падот на побарувачката за нивните автомобили предизвикана од пандемијата од Ковид-19, соопштија двата производители. Здравствената криза ја турна глобалната автомобилска индустрија во најдлабоката бездна од финансиската криза 2008/09 година. Побарувачката …

„Фиат Крајслер“ и „Пежо“ нема да делат дивиденда за 2019 година Read More »

УЈП: Одобрени барањата за финансиска поддршка за уште 4.962 фирми


Управата за јавни приходи (УЈП) го достави и второто известување до Генералниот секретаријат на Владата за одобрени и прифатени барања за финансиска поддршка. Во ова известување, како што информираат од УЈП, опфатени се 4.962 фирми кои ги исполниле условите за финансиска поддршка за исплата на плата за април 2020 година, а износот на одобрената финансиска …

УЈП: Одобрени барањата за финансиска поддршка за уште 4.962 фирми Read More »

ИАТА: Целосно закрепнување на воздушниот сообраќај е можно дури во 2023 година


Воздушниот сообраќај нема да се врати на нивото од пред пандедемијата со коронавирусот се до 2023 година, пресмета Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА). Оваа организација, што околу себе собира 290 авиокомпании, проценува дека во 2021 година сообраќајот, мерен во километри по патник, ќе биде помал за 24 проценти отколку во 2019 година, а проценката …

ИАТА: Целосно закрепнување на воздушниот сообраќај е можно дури во 2023 година Read More »

Ангеловска: Новите мерки ќе го поддржат македонското производство


Новиот сет на мерки се во насока да понудат стимулирање на приватната потрошувачка со акцент на домашната економија, домашната понуда, домашните компании. На тој начин преку финансиска поддршка на граѓаните, ќе се поддржи и македонското производство, посочи министерката за финансии Нина Ангеловска во гостувањето на емисијата „Економски магазин“. -Мерките се така таргетирани со цел да …

Ангеловска: Новите мерки ќе го поддржат македонското производство Read More »

Шефот на СТО предвреме заминува од функцијата


Претседателот на Светската трговска организација (СТО), Роберто Азеведо, планира да ја напушти својата позиција пред да му заврши мандатот во 2021 година, пренесува германската агенција ДПА. 62-годишниот Бразилец го доставил овој план до владите членки на СТО, објави денеска Блумберг, повикувајќи се на четири лица запознаени со ова прашање. Азеведо е претседател на трговското тело …

Шефот на СТО предвреме заминува од функцијата Read More »

Што ќе прават банките со 250 милиони евра што ги „ослободи“ Народна банка


Намерата е јасна – банките да ги употребат парите за кредитирање на населението и на фирмите, или пак, што е многу поизвесно – да купуваат државни записи и на тој начин да ја кредитираат државата, односно Буџетот Мирче Јовановски Народна банка вчера повлече уште еден смел потег со кој во економијата ќе се насочат дополнителни …

Што ќе прават банките со 250 милиони евра што ги „ослободи“ Народна банка Read More »

Истражување: Во Србија корона кризата оставила 200 илјади луѓе без работа


Во Србија околу 200.000 лица или осум проценти од вработените, вклучително и неформално вработените и самовработените, во февруари ги загубиле своите работни места за време на пандемијата на коронавирусот и вонредната состојба. Тоа го оценка од истражување на SeConS група за развојна иницијатива со поддршка на Фондацијата Фридрих Еберт. Како што беше соопштено, најголем товар, …

Истражување: Во Србија корона кризата оставила 200 илјади луѓе без работа Read More »

Се прави детален протокол за изборната кампања и за денот на изборите, вели Спасовски


Владата прави детален протокол како ќе се одвива кампањата на политичките партии на терен, но и како ќе спроведат изборите на денот на гласањето, најави денеска премиерот Оливер Спасовски, кој присустваше на увид на градежните работи во изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш. -Главно во сите протоколи е дистанцата и носењето на заштитната опрема и тоа …

Се прави детален протокол за изборната кампања и за денот на изборите, вели Спасовски Read More »

Пауновски: Угостителите да не ги отвораат објектите пред да се укине забраната


Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски денеска апелираше да се почитуваат одлуките за забрана за работа се до официјално соопштување на најавените промени. – Многу објекти се осмелија дури и во полициски час да отвораат и да се собираат луѓе. Се што правиме е за здравјето на луѓето. И синоќа и ноќта пред тоа …

Пауновски: Угостителите да не ги отвораат објектите пред да се укине забраната Read More »

Третиот пакет мерки доаѓа со Ребалансот на Буџетот


Буџетскиот дефицит од сегашните 2,3 отсто ќе се зголеми на 6,8 отсто од БДП, колку што е и најновата прогноза на ММФ Ребалансот на Буџетот, но и третиот пакет мерки за поддршка на стопанството и населението се во завршна фаза и ќе бидат донесени деновиве, откако ќе се испеглаат последните разлики околу кратењето на буџетските …

Третиот пакет мерки доаѓа со Ребалансот на Буџетот Read More »

Жителите на Виена ќе добијат по 50 евра за кафулиња и ресторани


Градот Виена планира со ваучер од 50 евра по домаќинство да го поттикне угостителството чии објекти од петок повторно ќе бидат отворени, по двомесечна пауза. Сите домаќинства од средината на јуни ќе добијат ваучер од 50 евра, најави градоначалникот на Виена Михаел Лудвиг. Тој рече дека сите 950.000 домаќинства ќе добијат ваучер од 50 евра, …

Жителите на Виена ќе добијат по 50 евра за кафулиња и ресторани Read More »

Судови во Италија воведоа „онлајн развод“


Пандемијата на Ковид-19 влијае на сите аспекти од животот, па карантинот во Италија го зголеми и бројот на оние што чекаат за развод до толкава мера што не можат да се решат со редовна постапка пред судија, па некои судови се одлучија на развод преку интернет. Судовите се преполни со барања за развод, па некои …

Судови во Италија воведоа „онлајн развод“ Read More »