УЈП: Одобрени барањата за финансиска поддршка за уште 4.962 фирми


Управата за јавни приходи (УЈП) го достави и второто известување до Генералниот секретаријат на Владата за одобрени и прифатени барања за финансиска поддршка. Во ова известување, како што информираат од УЈП, опфатени се 4.962 фирми кои ги исполниле условите за финансиска поддршка за исплата на плата за април 2020 година, а износот на одобрената финансиска поддршка  изнесува 377.921.509 денари.

-Согласно второто известување, вкупниот износ на одобрени финасиски средства за исплата на плати за април 2020 изнесува 885.868.773 денари за вкупно 10.103 фирми, соопшти УЈП.

Од Управата посочуваат дека се обработуваат и останатите поднесени барања за финансиска поддршка, за кои, како што велат, УЈП ќе го извести Генералниот секретаријат на Владата по нивната финална обработка.