Ангеловски: Среќни сме што сме во финале, но не планираме да застанеме таму


Македонската фудбалска репрезентација денес ги започнува подготовките за натпреварот против Грузија. Селекторот Игор Ангеловски е оптимист пред баражот за Европското првенство. „Знаеме против кого играме, знаеме за што играме. Треба да бидеме максимално сконцентрирани, мотивирано да го одиграме натпреварот и да го добиеме за конечно да се пласираме на Европското првенство. Ова е натпревар кој …

Ангеловски: Среќни сме што сме во финале, но не планираме да застанеме таму Read More »

Грците најдоа како да го заобиколат карантинот – испратиле над еден милион смс пораки за спортување


За време на карантинот во Грција, граѓаните имаат опција да испратат смс порака за физичка активност или прошетка на милениче, а конкретниот код, синоќа го искористиле над еден милион Грци, откри денеска портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас јави дописничката на МИА од Атина -Она што не сакаме да видиме е да се заобиколуваат мерки. …

Грците најдоа како да го заобиколат карантинот – испратиле над еден милион смс пораки за спортување Read More »

„Делта холдинг“ го купи белградскиот центар „Сава“


„Делта холдинг“ стана нов сопственик на Центарот „Сава“, по почетна продажна цена од 17,5 милиони евра, јавија медиумите од регионот. Продажбата на најголемиот конгресен центар во Србија – Центарот „Сава“ беше извршена утрово на јавен тендер. Ова беше трет обид за продажба на овој симбол на Белград. Конгресниот центар „Делта“ беше единствениот понудувач на јавната …

„Делта холдинг“ го купи белградскиот центар „Сава“ Read More »

Бектеши: Објавен јавниот повик, занаетчиите ќе добијат 20 милиони денари субвенции за набавка на алати и репроматеријали


Министерството за економија објави Јавен повик за кофинансирање на трошоци за занаетчиите. Предмет на јавниот повик е кофинансирање на трошоци на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, државјани на Република Северна Македонија преку кофинансирање до 60 отсто од докажаните трошоци, но не повеќе од 60.000 денари направени за набавка на алати и репроматеријали. Согласно Програмата …

Бектеши: Објавен јавниот повик, занаетчиите ќе добијат 20 милиони денари субвенции за набавка на алати и репроматеријали Read More »

Трошоците на живот пораснале за 2,1 отсто, цените на мало за еден


Трошоците на животот во октомври 2020 година, во однос на претходниот месец, имаат раст од 0,1 отсто, цените на мало намалување за 0,5 отсто. Во однос на октомври лани трошоците на живот бележат рат од 2,1 отсто, а цените на мало од еден отсто, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци пораст на индексите …

Трошоците на живот пораснале за 2,1 отсто, цените на мало за еден Read More »

Македонскиот репрезентативен голман Божиновски позитивен на коронавирус


Репрезентативниот голман, Даниел Божиновски доби позитивен тест на коронавирус и нема да биде во составот на македонската А репрезентација за ноемвриските натпревари против Грузија (12 ноември), Естонија (15 ноември) и Ерменија (18 ноември). Голманот на Силекс во неделата при пристигнувањето во Скопје беше подложен на тестирање, а веднаш откако му беше потврден позитивниот резултат го …

Македонскиот репрезентативен голман Божиновски позитивен на коронавирус Read More »

Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот иста


Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергатика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,5 денари, …

Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот иста Read More »

Колкава е платата на претседателот на САД


Џо Бајден, избраниот претседател на САД, има богатство вредно 9 милиони долари, објавија американските медиуми, повикувајќи се на проценките на списанието „Форбс“. На почетокот на претседателската кампања годинава, Бајден ја претстави финансиската состојба за 2016, 2017 и 2018 година, а врз основа на тој извештај, „Форбс“ го процени неговото богатство на 9 милиони долари. Американските …

Колкава е платата на претседателот на САД Read More »

Две третини од компаниите во земјава кубурат со стручен кадар – нема бравари, месари, касапи, готвачи


Вкупно 62 отсто од компаниите во земјава се соочуваат со недостиг на стручен кадар. Според последните анализи на Стопанската комора, нема доволно бравари, монтери,  месари, касапи, келнери, готвачи. Како што беше речено денеска на прес-конференција, стручниот кадар е потребен во сите сектори, но засега најмногу кубурат машинската индустрија, електротехничката струка, прехранбената и хемиската индустрија, туризмот …

Две третини од компаниите во земјава кубурат со стручен кадар – нема бравари, месари, касапи, готвачи Read More »

„Тиквеш“ се вклучи во реализацијата на транснационален проект за поттикнување на локалниот економски развој


Преку партнерство со уште осум организации од четири европски земји, винарската визба „Тиквеш“ се вклучи во транснационалниот проект „Откривање на руралното наследство: автохтоно производство на ферментирани пијалаци за локална и еколошка одржливост“, што ќе се реализира во следните три години, а е финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, преку ЕЕА и Норвешкиот фонд за грантови …

„Тиквеш“ се вклучи во реализацијата на транснационален проект за поттикнување на локалниот економски развој Read More »

ЕУ ќе воведе царини за американски производи во спорот за Ербас и Боинг


Европската унија ќе воведе царини за американски производи во спорот околу производителите на авиони Ербас и Боинг, соопшти денеска потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис. Неодамнешната одлука на Светската трговска организација и дозволи на ЕУ да воведува царини, рече Домбровскис. – И тоа е она што го правиме, додаде тој. Пресудата, изречена во средината на октомври, и дозволува на ЕУ да …

ЕУ ќе воведе царини за американски производи во спорот за Ербас и Боинг Read More »

Хрватски научник: Најтешко ќе биде од декември до март, со вакцина ситуацијата под контрола дури на крајот на 2021


Светските експерти предвидуваат дека најтешкото време на оваа пандемија ќе биде од декември 2020 година до март 2021 година и дека со претпоставка дека ќе пристигне вакцината на почетокот на 2021 година, ситуацијата би можела да биде под контрола дури на крајот на 2021 година, вели еминентниот хрватски научник Иван Ѓикиќ од Универзитетот Гете во …

Хрватски научник: Најтешко ќе биде од декември до март, со вакцина ситуацијата под контрола дури на крајот на 2021 Read More »

Јувентус сака да го продаде Роналдо


Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо може да го напушти клубот на лето, објави „АС“. Според изворот, раководството на актуелниот италијански шампион сака да го растовари платниот список и да заработат пари од евентуалниот трансфер на 35-годишниот Португалец. „Старата дама“ е подготвена да се раздели од напаѓачот за 100 милиони евра Во тековната сезона на Серија …

Јувентус сака да го продаде Роналдо Read More »

Трговската размена помала за 14,1 отсто од лани, пад на извозот за 15,2 отсто


Вкупно 9.396.015.000 евра изнесуваше трговската размена на земјава во периодот јануари – септември 2020 година, што е за 14,1 отсто помалку во однос на истиот период минатата година, соопшти Државниот завод за статистика. Трговскиот дефицит е 1.282.935.000 евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 76 отсто. Вкупната вредност на извозот е 4.056.540.000 евра и …

Трговската размена помала за 14,1 отсто од лани, пад на извозот за 15,2 отсто Read More »

Што значи победата на Бајден за даноците, недвижностите, долговите?


Џо Бајден е подготвен да биде следниот претседател на државата, а неговата агенда ги буди надежите дека ќе ги подобри финансиите на гласачите и ќе ја зајакне економијата која е нагризена од корона вирусот. Зголемување на даноците за богатите, проширено здравствено осигурување и простување на студентските заеми беа дел од проектите на списокот на обврски …

Што значи победата на Бајден за даноците, недвижностите, долговите? Read More »

Роналдо се повреди на мечот со Лацио


Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо беше полесно повреден на натпреварот од 7. коло во Серија А против Лацио (1:1). Португалецот беше заменет во 76. минута на денешната средба во Рим. Тој накривнуваше при напуштањето на теренот. – При еден доскок, глуждот ми се сврти, му објасни Роналдо на тренерот Андреа Пирло, кој го праша како …

Роналдо се повреди на мечот со Лацио Read More »

М-НАВ: 24 години од комплетното преземање на воздушниот простор


Во раните утрински часови на 07 ноември пред 24 години тогашната Обласна контрола на летање Скопје ја превзема надлежноста на целиот воздушен простор на Република Македонија, кој до тогаш беше контролиран од Белград согласно поделбата помеѓу контролите на летање во Загреб и Белград уште од времето на СФРЈ, соопшти М-НАВ, по повод годишнината. Од таму …

М-НАВ: 24 години од комплетното преземање на воздушниот простор Read More »

Ќе има трговски договор меѓу Велика Британија и ЕУ, најавува Џонсон


Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон денеска изјави дека по Брегзит ќе се воспостави трговски договор со Европската унија. – Договорот е тука, треба да се приведе до крај, работите се многу јасни. Отсекогаш сум бил ентузијаст за трговскиот договор со нашите европски пријатели и партнери, рече Џонсон. Британскиот премиер истакна дека договорот е близу. – Само треба да се фатиме за …

Ќе има трговски договор меѓу Велика Британија и ЕУ, најавува Џонсон Read More »

Убер регистрира загуба од 5,8 милијарди долари


Компанијата Убер во првите три квартали од годинава забележа загуба од 5,8 милијарди долари поради негативното влијание на пандемијата на коронавирусот. Сепак, компанијата се надева дека ќе може да оствари профит следната година. Во третиот квартал, приходите на Убер беа 3,1 милијарди долари или 18 проценти помалку отколку во истиот период минатата година. Еден ден по претседателските …

Убер регистрира загуба од 5,8 милијарди долари Read More »

Ансу Фати ќе пропушти два до четири месеци поради оштетен менискус


Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати ќе пропушти од 2 до 4 месеци поради оштетен менискус на левото колено, објави шпански „АС“. Според изворот, периодот на опоравување на 18-годишниот Шпанец зависи од тоа дали играчот ќе биде опериран. Доколку фудбалер ја одбие операцијата, ќе пропушти околу 6 недели, но изворот практично исклучува ваков развој на ситуацијата. …

Ансу Фати ќе пропушти два до четири месеци поради оштетен менискус Read More »