Ќе има трговски договор меѓу Велика Британија и ЕУ, најавува Џонсон


Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон денеска изјави дека по Брегзит ќе се воспостави трговски договор со Европската унија.

– Договорот е тука, треба да се приведе до крај, работите се многу јасни. Отсекогаш сум бил ентузијаст за трговскиот договор со нашите европски пријатели и партнери, рече Џонсон.

Британскиот премиер истакна дека договорот е близу.

– Само треба да се фатиме за работа и да го дадеме својот максимум. Вчера зборував со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Таа целосно се согласува со мене, рече Џонсон.